Недостигот на кадар – главен проблем на компанијата БРЕБОТЕКС - Богданци

   

👁 Прочитано: 1053


Недостигот на кадар – главен проблем на компанијата БРЕБОТЕКС - Богданци

Компанијата Бреботекс - Богданци е основана 1990 година како компанија во  приватна сопственост, во која работат околу 300 вработени. Работата во погонот е беспрекорно организирана и опремена со машински парк за производство на конфекција, за кои секоја година се издвојува средства за усовршување и унапредување на производствената технологија, се` со цел на клиентот да му се овозможи високо ниво на услуга.

Основна дејност на компанијата е шиење на машки кошули за познатите светски брендови, со дневен капацитет на производство од 1.000 производствени единици, каде најголем дел од производите се пласираат за познати две германски компании,  со кои традиционално  соработуваат скоро триесет години.

Процесот на производство е под постојана контрола и тоа почнувајќи од првиот чекор од производството внес на материјал, па шиење и конфекционирање, а преку останатите производни процеси, се` до комплетирање на готовиот производ.

Во сите овие изминати 30 години од своето постоење, како резултат на современата организација на работа, рационалното користење на постојните ресурси, точно утврдените производствени налози за познати купувачи, навременото и целосно извршување на зацртаните планови, компанијата Бреботекс, достигна ниво на целосна искористеност на капацитетите, а квалитетот на кошулите обезбедува сигурен пласман на германксиот пазарит.

Во разговорот со сопственикот на компанијата г-дин Костадин Шутаров  беше разговарано за актуелни случувања, проблеми и состојби кои ја оптоваруваат работата на оваа дејност, како недостигот на работна сила кој се провлекува со години наназад имајќи во предвид  дека тие како компанија се наоѓаат во една мала општина, каде многу е тешко да се најдат работници, малата продуктивност во производство, како и проблемите околу зголемувањето на минималната плата која по автоматизам мора да доведе до зголемување на платите и на подобрите работници. Унапредувањето на производствениот процес, напорите во остварувањето на утврдените налози, задачи и соработката со нашите традиционални партнери од Германија се темелот во долгогодишното работење на компанијата.

Текстилни компании мора да направат вложувања во автоматизација на производните процеси, инвестиции во нови и модерни машини, а со тоа подобрување на квалитетот и обезбедување на поголема продуктивност во работењето истакна г-дин Костадин Шутаров .

Сашо Деспотоски