ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

   

АКТУЕЛНО / 04.12.2019
👁 Прочитано: 426


ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Како дел од успешно имплементираните активности на Проектот на ЕУ: „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, се одржа завршна конференција на која беа потенцирани активностите преземени во двегодишниот проект. 

Основната цел на проектот беше унапредување на перформансите на компаниите од металопреработувачката и автомобилската индустрија во насока на обезбедување на нивна поголема компетитивност, која понатаму ќе резултира со подобра соработка со странските инвеститори, но и како резултат и на подобрените извозни компетенции и со други странски компании. Проектот резултираше со обучен кадар во компаниите и имплементација  на  одредени напредни производни и менаџерски пристапи, кај околу 20-тина македонски компании, а кај шест од нив беа имплементирани индустриски проекти во текот на изминатите две години, истакна проф. д-р Роберт Миновски, професор на Машинскиот факултет во Скопје, а воедно и координатор на проектот. Тој накусо ги презентираше активностите кои беа имплементирани во изминатите две години низ пет етапи и тоа: 

1) Анализа и определување на барањата на директните странски инвестиции (FDIs) кон домашните компании;
2) Промоција на проектот и зголемување на свесноста за истиот;
3) Скенирање, анализи и определување на јазовите;
4) Обука на вработените од избраните домашни компании во одредени подрачја и
5) Имплементација на стекнатото знаење преку 6 индустриски проекти.

Стекнатото знаење од претходната етапа беше имплементирано во 6 домашни компании.

ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТА ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, отворајќи ја завршната конференција посочи дека проектот претставува одлична можност како за странските така и за домашните компании за јакнење на соработката и нивно вклучување во синџирот на добавувачи. Во рамки на Стопанската комора на Македонија од 2007 година успешно функционира Советот на странски инвеститори којшто значително придонесе во процесот на поврзување на странските со домашните компании, при што се овозможи и зголемување на меѓусебната соработка. Стопанската комора на Македонија е подготвена и во иднина да биде инволвирана во ваков вид на проекти, каде што креирањето на стручни кадри значително би влијаел на зголемување на капацитетот и конкурентноста на домашните компании.

Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, додаде дека секој странски инвеститор во земјава работи со домашна компанија, но повеќе во придружните дејности, што не е доволно. Тој истакна дека имаат желба домашните компании да бидат повеќе инволвирани во нивната тековна работа и да бидат нивни добавувачи. За тоа да биде возможно, потребно е домашните компании да бидат поактивни и да покажат поголема иницијатива кон странските инвеститори со понуда на нивниот асортиман согласно барањата на странските компании кои работат во земјава. Како позитивен пример ја посочи соработката на „ЕВН“, којашто во последните неколку години има склучено договори со повеќе од 5.000 македонски компании. 

ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТА ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИПроф. д-р. Бојан Јованоски од Машинскиот факултет од Скопје, накусо низ бројки  ги претстави проектните активности и посочи дека врз основа на системска анализа 15 директни странски инвеститори го изразија својот интерес за учество, 97 мали и средни претпријатија беа заинтересирани за соработка со странските инвеститори, беа одржани над 100 деловни средби меѓу мали и средни претпријатија  со странските инвеститори, по што следуваше скенирање на состојбата преку директна посета на домашните компании. Од нив, 17 компании со над 30 вработени присуствуваа на тематските дводневните обуки кои беа креирани согласно потребите домашните компании.

На крајот беа дефинирани 6 индустриски пилот-проекти каде паралелно со експертите беа вклучени 5 практиканти-студенти од Машинскиот факултет кои се здобија со искуства кои во иднина ќе ги применат и на тој начин ќе придонесат за одржливост на проектот.

Проектните активности беа спроведени од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје  како координатор на проектот во партнерство со Стопанската комора на Македонија и Техничкиот универзитет од Виена во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА): Поддршка на вмрежувањето и синџирите на добавувачи помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании и нивно упатување во насока на клучните реформи во компетитивноста на земјата.

ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТА ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТА ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТА ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТА ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

м-р Ивана Крстевска 
м-р Сања Николова