Тинекс МТ со награда за Најдобро Општествeно одговорна прaктика во 2019

   

👁 Прочитано: 789


Тинекс МТ со награда за Најдобро Општествeно одговорна прaктика во 2019

Министерството за Економија на Република Северна Македонија на свеченото  прогласување на Општествeна Одговoрност на претпријатијата и додели на Компанијата Тинекс МТ, статуетка за Национална Награда за Најдобро Општествeно одговорна прaктика во 2019г.  во категоријата:

„Односи со пазарот – снабдувачи“ за реализирање на проектот „Покров“

Станува збор за проект, преку кој Тинекс МТ го поддржа социјалното претпријатие „Избор“ од Струмица, каде се ресоцијализираат и реинтегрираат зависници од психотрoпни супстанци, алкохол и хазардерство преку работната терапија „ Покров“.  Оваа работна терапија го развива производство на органски сертифицирана храна која се продава во маркетите на Тинекс и на тој начин се овозможува  одржливоста на социјалното претпријатие „ Избор“, а нашите потрошувачи добиваат можност да набават органски сертифицирана храна.

Со реализација на проектот „Покров“ покажавме дека поддршката на добро осмислен проект на социјалното претпријатие може да биде од полза на успешно остварување на нивната мисија, на полза на целото општество и здраво да ја менува неговата физиономија.

Во однос на начелата  од општествената одговорност, компанијата  Тинекс МТ и  социјалното претпријатие „Избор“ опафaтија 4 цели на одржлив развој: (1) Производство на нутритивна вредна храна , (2) промоција на одржливо земјоделство, здравје и благосостојба на сите возрасни категории, (3) обезбедуваме одржлива потрошувачка и производство и (4) зајакнување на имплемнтацијата и ревитализирање на глобалното партнерство за одржлив развој.