АВИЦЕНА – ПРЕПОЗНАТЛИВ БРЕНД ЗА ЛАБОРАТОРИСКА МЕДИЦИНА

   

👁 Прочитано: 572


АВИЦЕНА – ПРЕПОЗНАТЛИВ БРЕНД ЗА ЛАБОРАТОРИСКА МЕДИЦИНА

Авицена Дијагностика, од своето основање во 1991 година, се стреми да обезбеди високо ниво на професионализам, имплементација на нови иновативни дијагностички методи и маркетинг решенија, синергетски однос со добавувачите и континуирана едукација на вработените, како најважни услови за задоволство на крајните корисниците и подобрување во целокупното бизнис дејствување.

Насочувајќи ја својата дејност кон промоција и продажба на висококвалитетни дијагностички тестови, реагенси, опрема и лабораториски потрошен материјал од областа на микробиологијата, трансфузиологијата, молекуларната дијагностика, имунологијата, клиничката хемија и сите други области на клиничката лабораториска медицина, денес Авицена Дијагностика со својата компанија Авицена Лабораторија претставуваат препознатлив бренд во здравствениот сектор во РС Македонија.

АВИЦЕНА – ПРЕПОЗНАТЛИВ БРЕНД ЗА ЛАБОРАТОРИСКА МЕДИЦИНАПреку заложбата за имплементација на нови и современи дијагностички тестови по светски стандарди во многу лаборатории и здравствени институции во државава и воспоставување на партнерски однос со вработените, кои се квалификувани и обучени за проблематиката и програмата која ја работат, во матичните компании на странските партнери со кои соработуваме – успесите во работењето се неизбежни – посочи директорот д-р Ѓорги Нацка на средбата со претставниците на Стопанската комора на Македонија, м-р Анета Трајковска, оперативен директор и Љупка И. Самарџиска задолжена за Здружението на хемиската индустрија, кои беа во работна посета на компанијата. На средбата се дискутираше за тековните активности и предизвизиците со кои се соочуваат во работењето, при што беше посочено дека во примената на прописите од страна на сите засегнати страни треба да се имаат предвид специфичноста на дејноста и сензибилноста на овој вид на медицински препарати, со строго почитување на нормативите и стандардите во лабораториската медицина.

Љупка Илиевска-Самарџиска