НАЈНОВИ ЕНЕРГЕТСКИ ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА ПРЕКУ МОДЕЛОТ НА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И ВОДА

   

АКТУЕЛНО / 03.12.2019
👁 Прочитано: 239


НАЈНОВИ ЕНЕРГЕТСКИ ТЕХНОЛОШКИ РЕШЕНИЈА ПРЕКУ МОДЕЛОТ НА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И ВОДА

Компанијата RENEXPO International, (организатор на саеми, изложби и конференции низ цела Европа), го реализираше првиот меѓународен настан во Скопје, нудејќи најнови енергетски технолошки решенија и примери на добра практика, за големи системи, како и за мали и средни претпријатија, преку моделот на управување со отпад, заштита на вода.

На настанот на кој учествуваа компании од енергетскиот сектор, од секторот за отпад и за вода, беа презентирани серија трудови за планирани и спроведени проекти во секторите енергетика, заштита на води и управување со отпад.

Целта на дводневниот настан (саемска изложба, конференции, Б2Б средби), подржан и од проектот на Европската меѓународна мрежа (ЕЕН), каде партнер е и Стопанската комора на Македонија, е странски компании да ги покажат своите технологии и да воспостават партнерства со локалните претпријатија и институции. Во регионот во оваа форма саемски манифестации со конференции се одржуваат во Србија и во Босна и Херцеговина.

Обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност се иднината на секое општетсво, особено ако се има во предвид фактот дека нашата земја е енергетски сиромашна и се исцрпуваат резервите на јаглен, беше посочено на отворањето на саемот.

Даниела Михајловска Василевска