ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР СО ПАД ОД 21,8% ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ, НО ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ОСТАНУВААТ НЕПРОМЕНЕТИ
➢ Актуелно (20.09.2023, во 10:28:00)
👁 Прочитано: 628



Интервју за Bloomber Adria, на Претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите Андреа Серафимовски
ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР СО ПАД ОД 21,8% ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ, НО ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ОСТАНУВААТ НЕПРОМЕНЕТИКликни за повеќе

Во текот на вториот квартал од оваа година, градежниот сектор во државата искуси значителен пад во активностите. Овој пад, како што нагласува Претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанската Комора на Северна Македонија Андреа Серафимовски, не може да се сведе само на сезонските колебања, туку се резултат на бројно правно-административни предизвици кои секторот се соочуваше во изминатите години.

Според Здружението за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите, овие предизвици вклучуваат намален интензитет на развој, што доведе до намалено објавување на јавни набавки, намалена достапност на квалификувана работна сила, слабо администрирање на тековните проекти и одсуство на мерки за одржлив развој во постпандемискиот период од страна на државата. Сепак, постојат и други фактори кои влијаат на секторот како што се: мораториумот на издавање на градежни дозволи во некои клучни области од градот, зголемувањето на цената на градежното земјиште, цените на градежните материјали, растот на минималната и просечната плата во високоградбата стануваат дополнителни предизвици за секторот. 

Важноста на домашниот градежен сектор во реализацијата на капитални инвестиции, особено во инфраструктурата како патиштата и железниците, потребно е да биде дел од државната стратегија. Овој сектор би можел да биде катализатор за обнова на домашната економија и за превладување на драстичниот пад во градежништвото истакна Серафимовски.

Целотот интервју може да го погледенте на следниов линк: Градежништвото во минус, цените на становите до плафон | Bloomberg Adria

Служба за информирање при Комората