Заедничка седница на Здружението на металната и електроиндустријата и Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори - НАВРЕМЕНЕНА ПОДГОТОВКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИМЕНА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД
➢ ПРЕЗЕМЕНИ ВЕСТИ (30.05.2012)
👁 Прочитано: 159




Заедничка седница  на Здружението  на металната и електроиндустријата и Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори - НАВРЕМЕНЕНА ПОДГОТОВКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИМЕНА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

Со влегувањето во сила на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема („Сл. весник на РМ“ 06/12) целосно се заокружува процесот на хармонизација на националното законодавство во областа на управување со отпадот и посебните видови на отпад и се придонесува кон процесот на приближување на земјата кон воспоставување модерен и сеопфатен систем за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема, беше истакнато од претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, на заедничката седница на Здружението на металната и електроиндустријата и  Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори, одржана на 30.5.2012 година во Стопанската комора на Македонија.


Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во земјата електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, начинот на собирање, третман, преработка и одстранување на ваков вид на отпад.
Со донесување на овој закон се предвидува намалување до најмало можно ниво на негативното влијание на отпадната електрична и електронска опрема  врз животната средина и врз човековото здравје, унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на производителите, трговците и крајните корисници, особено при третманот, преработката и отстранувањето на отпадната електрична и електронска опрема, постигнување на високо ниво на повторна употреба, рециклирање и на овој вид на отпад, воспоставување и развој на пазар за повторна употреба и рециклирање и остварување на други цели.
Во Република Македонија во моментов повеќе од 90%  од отпад од електрична и електронска опрема завршува на директно депонирање без никаков третман кој има големо влијание врз животната средина и здравјето на луѓето, а со влегувањето во сила на Законот се очекува негово собирање, селектирање и искористување на неговите корисни компоненти, преку повторна упортеба.
Одредбите на овој закон се применуваат на електрична и електронска опрема  на големи и мали домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација опрема за  широка потрошувачка и забавна електроника, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електрични и електронски играчки и  опрема за забава и спорт, медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција), инструменти за следење и контрола и автомати.
Исто така, на седницата беа истакнати процедурите за регистрација на производителите и трговците кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема, преземањето на отпадната опрема, функционирањето на самостојниот и колективниот постапувач, како и финансиските импликации кои произлегуваат од овој закон.
Во дискусијата се истакнаа повеќе отворени прашања кои произлегуваат од примената на Законот, пред се` висината на надоместокот кој би се плаќал по килограм на производот доколку фирмата не склучи договор со колективниот постапувач, со оглед дека во производите како што се електрични шпорети, бојлери, разладна опрема, најголемиот дел од тежината се метали, а мал дел отпаѓа на електричната опрема, каде ќе се враќа опремата доколку производителот или трговецот ги затворат фирмите и сл.
 Присутните искажувајки го задоволството од навременото отпочнување и запознавање со имплементацијата на овој закон ги договорија натамошните активности, со цел успешна подготовка на стопанството за примена на Законот, што влегува во од 2013 година.

                                                                                            В. Николовски