ВО КОМОРАТА СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЕУ СТАНДАРДИ И ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ЗА КРИТИЧНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО УСЛОВИ НА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ, САЈБЕР НАПАДИ, ТЕРОРИЗАМ, ШПИОНАЖА НЕОПХОНА Е ЗАКОНСКА РАМКА ЗА ЗАШТИТА
➢ Актуелно (19.05.2023, во 09:59:00)
👁 Прочитано: 541




ВО УСЛОВИ НА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ, САЈБЕР НАПАДИ, ТЕРОРИЗАМ, ШПИОНАЖА НЕОПХОНА Е ЗАКОНСКА РАМКА ЗА ЗАШТИТАКликни за повеќе

Во присуство на претставници на компании членки, Стопанската комора во соработка со министерството за одбрана организираше работилница на тема: „ЕУ стандарди и законска регулатива за отпорност и заштита на критичната инфраструктура“.

Целта на настанот беше да се даде акцент за важноста на критичната инфраструктура

за функционирањето на една држава, и доколку дојде до нејзино оштетување, уништување или загуба да не се доведе до губење на испораката на услугите кои зависат од нејзино непречено функционирање. Во услови на технолошкиот развој, глобалните промени во животната средина во последните неколку години, како и елементарните катастрофи се укажа на потребата за сериозно преиспитување на заштитата на критичната инфраструктура во контекст на опасноста од елементарни непогоди и други видови загрозување типични за современото живеење како што се тероризам, шпионажа и сл.

На работилницата воведно обраќање имаше Благој Христов, претседател на Здружението за информатичко-комуникациски технологии при Комората. Поздравувајќи ја иницијативата посочи дека предлог законското решение треба да вклучи активна дискусија помеѓу засегнатите страни бидејќи станува збор за сериозен закон во кој многу работи треба да бидат дефинирани презицно, меѓу другото и каде завршува критичната инфраструктура, а каде започнува инфраструктурата на пример на ИТ секторот, во делот на безбедност на мрежи, националната инфраструктура од аспект на капитални објекти, што се ќе биде предмет на критична инфраструктура и сл.

Проф. Д-р. Марјан Ѓуровски, во улога на претседател на комитетот МКД НАТО 2030, потенцираше дека во услови на променета европска безбедносна архитектура, конфликтите, пандемијата, социо-економската и финансиската нестабилност и натаму ги нарушуваат начините на живот ширум светот. Низ овие години на големи предизвици, потребно ни е сè посилно и подлабоко партнерство вели Ѓуровски.

Акцент стави и на фактот дека во изминатиот период во регионот идентификувани се и зголемен број на сајбер напади врз државните институции, невладините организации, врз системите за водоснабдување, енергетската мрежа, транспортот, голем број на онлајн услуги кои ги користат граѓаните и стопанствениците и централните банки. Токму овие, сајбер нападите и хибридните активности се насочени и кон слабеење на отпорноста на државите. Преку поткопување на општествената кохезија и нашиот начин на живот овие активности се насочени кон ослабување и поделба на земјите однатре

Работилницата ја водеше предавачот од Универзитетот во Загреб, проф. д-р Роберт Микац кој преку повеќе презентации ја образложи потребата за заштита на критичната инфраструктура, а беа презентирани и серија примери за начиот на регулирање на критичната инфраструктура во земјите во Европа.

Критична инфраструктура на РСМ се виртуелни средства, системи, објекти, мрежи или нивни делови со кои се остваруваат витални функции на општеството, а кои се од суштинско значење и прекинот на нивната работа или нивното уништување, би имало значително влијание или сериозни последици за националната безбедност, здравјето и животот на луѓето, животната средина, безбедноста на граѓаните, економската стабилност и функционирањето на државата. Електроенергетската инфраструктура, транспортот на нафта и природен гас, се најранливи сегменти од енергетската инфраструктура и претставуваат цели на напад.

Во моментов во фаза на финална изработка е Предлог закон за критична инфраструктура, со кој за прв пат во РСМ се става во правна рамка критичната инфраструктура, а за кој треба да бидат информирани деловните субјекти пред истиот да биде донесен, бидејќи предвидува и обврски за компаниите од наведените сектори.

Предлогот на закон за критична инфраструктура ги вклучува деловните субјекти од областа на:

  • Енергетиката (производство, вклучувајќи и брани, рударство, пренос, складирање, транспорт на енергенсите и енергијата, дистрибуција и сл.),
  • Транспортот (патен,  железнички,  воздушен и воден сообраќај),
  • Банкарски системи и инфраструктура на финансиските пазари,
  • Здравство (здравствена заштита, производство, трговија и контрола над лековите)
  • Водоснабдување (системи за довод и одвод на води),
  • Храна (производство и снабдување со храна, стокови резерви)
  • Производство, складирање и превоз на опасни материи (хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни материјали),
  • Јавни служби (обезбедување на јавен ред и мир, заштита и спасување, итна медицинска помош),
  • Дигитална инфраструктура, комуникациски и информациски технологии (електронски комуникации, пренос на податоци, информациски уреди и инсталации, аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и сл.).

 

На работилницата беше констатирано дека дијалогот за креирање соодветна законска рамка за критична инфраструктура ќе продолжи во следниот период, со вклучување на сите надлежни и засегнати страни.

 

 

 

Служба за информирање при Комората