БРАКО испорача 17 возила во САД и Обединетото Кралство
➢ Од компаниите (21.04.2023, во 18:24:00)
👁 Прочитано: 823




БРАКО испорача 17 возила во САД и Обединетото КралствоКликни за повеќе

Во текот на април БРАКО испорача 17 возила за одржување хигиена во урбани средини во САД и Обединетото Кралство.

Повеќе од половината од нив се електрични возила, додека останатите се возила на класичен погон. 

Овој пат клиентите имаа најголем интерес за моделите со рачно управување, во кои е вграден најсовремен систем за рециркулација на воздухот со што е зголемен капацитетот за филтрирање на прав и за три пати е зголемена ефикасноста за собирање на штетни честички. 

 

Интерес има и за класичните ,,636 машини, од серијата која е надградена по највисоки европски и светски стандарди и за која неодамна е добиен ТУВ сертификат од Германија како потврда за меѓународен квалитет. 

 

Служба за информирање при Комората