Серафимовски: Поради нееднакви услови за работа на домашниот пазар, македонски компании работат како подизведувачи на странски компании
➢ Актуелно (20.03.2023, во 10:38:00)
👁 Прочитано: 873



Интервју на Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите при СКСМ за порталот Локално
Серафимовски: Поради нееднакви услови за работа на домашниот пазар, македонски  компании работат како подизведувачи на странски компанииКликни за повеќе

Македонските градежни компании алармираат дека со ангажирањето на италијанскиот конзорциум „ИРД Инженеринг“ за надзор врз работата на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради коридорите 8 и 10 само се продолжува досегашната пракса на истиснување на домашните субјекти.

Како крајно спорен го посочуваат фактот дека и покрај тоа што имаме докажани кадри од сите фази на изградба, меѓу кои и за надзор, и тоа со бројни референци кои се конкурентни  и настапуваат на странскиот пазар, знаењето и искуството не можат да го применат на домашниот пазар.

Проблемот е хроничен, бидејќи долг период наназад не се исти условите за работа на домашниот пазар  за домашните и за странските компании, односно во одредени делови се во прилог на надворешните субјекти

Интервјуто со Серафимовски на следниот линк - https://lokalno.mk/serafimovski-poradi-neednakvi-uslovi-za-rabota-na-domashniot-pazar-makedonski-kompanii-rabotat-kako-podizveduvachi-na-stranski-kompanii/

Служба за информирање при Комората