ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА УВОЗ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ЦАРИНСКАТА УПРАВА
➢ Актуелно (11.01.2023, во 15:12:00)
👁 Прочитано: 658



Разгледана предлог Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила
ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА УВОЗ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ЦАРИНСКАТА УПРАВАКликни за повеќе

Во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, а на иницијатива на Царинската Управа на РСМ, се одржа работна средба со претставници на Групацијата за увоз на моторни возила.

Целта на истата беше информирање за новиот текст на предлог Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила пред нејзино поднесување до Министерството за финансии на РСМ и конечно усвојување од страна на Владата на РСМ.

Новините се однесуваат на усогласување со директивите на Европската Унија, како и пресметка на емисијата на количеството на јаглерод диоксид-CO2 по нова методологија врз основа на јасно утврдени правила за пресметка на данокот на моторни возила.

Членовите на Групација едногласно ја поздравија иницијативата на Царинската Управа и посочија дека бенефит од новата Уредба ќе имаат државата, увозницита на моторни возила како и крајните потрошувачи.

м-р Ивана Анчев
Асистент во организационата целина за претставување на членките и вмрежување