Од посетата на РИО КАФЕ-За одржување на конкурентноста на македонските компании, мора да се грижи државата
➢ КРИЗЕН ШТАБ (07.12.2022, во 15:53:00)
👁 Прочитано: 1523




Од посетата на РИО КАФЕ-За одржување на конкурентноста на македонските компании, мора да се грижи државатаКликни за повеќе

Кризниот штаб на Стопанската комора на Северна Македонија оствари работна средба со Зоран Тодоровски, сопственик на РИО КАФЕ дооел Скопје и со генералниот директор на компанијата, Кирил Андоновски.  

Со спојување на квалитетот, најсовремената технологија и врвниот дизајн, со потребите на потрошувачите, компанијата која активно работи веќе 32 години, успеа да создаде единствени препознатливи производи од кафе со наш македонски бренд Рио кафе и кафе БРАВО. Компанијата РИО КАФЕ денес е лидер во преработка и продажба на кафе на македонскиот пазар со околу 50% учество во истиот.

Компанијата минатата година инвестираше во нова, моментално најсовремена италијанска технологија за производство на кафе вредна 1.3 милиони евра. Оваа инвестиција е еколошки најсофистицирано решение кое придонесе за подобрување на квалитетот на кафињата од програмата на „Рио Кафе“, вклучително и добропознатите брендови Браво Премиум и Браво Класик, но и овозможува зголемување на капацитетот на работа, отворање на нови пазари и проширување на асортиманот со нови производи. Во 2022 година инвестираа 380.000 евра во поставување на фотоволтаици заради идно намалување на трошоците за енергија.

И за нив, 2022 година е една од најтешките години за работа од кога почнале со работа, вели сопственикот Зоран Тодоровски. Сметките за електрична енергија во најкритичните месеци достигнале и до 10 пати зголемување. Во моментот се борат и со конкуренцијата од регионот, која користи субвенционирана електрична енергија, имаат увозот на суровини ослободени од царини и повластени стапки на ДДВ за кафето. Со ваквата конкуренција од регионот, оваа година за нив значи 40% намален приход. За одржување на конкурентноста на производите на македонските компании, мора да се грижи државата преку изденачување на условите за стопанисување, вели сопственикот Тодоровски.

Кафињата од програмата на „Рио Кафе“ и Браво Премиум и Браво Класик се добро познатите брендови на македонскиот пазар, кој се создава повеќе од 30 години од страна на конмпанијата, но и од страна на 160 вработени во компанијата.

Служба за информирање при Комората