ПРЕДИЗВИЦИ И УСЛОВИ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ ВО 2023 ГОДИНА – ШТО НЕ ОЧЕКУВА НА ЕКОНОМСКИ ПЛАН?
➢ Актуелно (01.12.2022, во 09:18:00)
👁 Прочитано: 761



Годишна конференција на тема: „Економски предизвици во 2023: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“
ПРЕДИЗВИЦИ И УСЛОВИ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ ВО 2023 ГОДИНА – ШТО НЕ ОЧЕКУВА НА ЕКОНОМСКИ ПЛАН?Кликни за повеќе

Влијанието на политичките и економските фактори од глобален карактер значително се рефлектираат на деловниот амбиент на стопанисување, правејќи го се’ покомплексно планирањето на следните бизнис потфати, а очекуваните ефекти од економската активност се’ понеизвесни. 

Бизнис заедницата го нуди својот допринос на креаторите на економски политики во насока на создавање на подобри услови и ублажување на негативните ефекти на кои се изложени сите чинители во економијата. Истовремено, во услови на мултикриза потребата за испраќање јасни сигнали кон компаниите за очекувањата на економски план во следната година се од исклучително значење. 

Препознавајќи ја таквата потреба, Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на концептот „Комора на иднината – ваш консултант во бизнисот“ на 16 декември 2022 година (петок) организира конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“

Целта на конференцијата е на едно место креаторите и носителите на економски политики, од една страна и претставниците на бизнис заедницата, од друга страна преку јавно-приватен дијалог да ги земат во предвид предлог-мерките на приватниот сектор при креирањето на економските политики од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Повеќе информации за самата Конференција можете да најдете на следниот линк.

м-р Михајло Донев
в.д. Оперативен директор за развој, иновации и знаење