КОНЕЧНО ПРОФУНКЦИОНИРА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ТРЕНИНГОТ И ОБУКИТЕ КАКО ДЕЛ ОД КОНЦЕПТОТ КОМОРА НА ИДНИНАТА!
➢ Актуелно (30.11.2022, во 16:44:00)
👁 Прочитано: 734




КОНЕЧНО ПРОФУНКЦИОНИРА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ТРЕНИНГОТ И ОБУКИТЕ КАКО ДЕЛ ОД КОНЦЕПТОТ КОМОРА НА ИДНИНАТА! Кликни за повеќе

Развојот на компаниите не зависи од големината, туку од организационата поставеност и човечките капацитети во компанијата кои придонесуваат за развој на компанијата и зголемување на извозниот потенцијал. Во сегашни услови не е можно да се биде конкурентен, во отсуство на образована и квалификувана работна сила, на стабилни и ефикасни институции, на соодветна инфраструктура и на структурни реформи. Стопанската комора како најголема бизнис организација не може повеќе да чека на решенијата на владините институции и самата наоѓа решенија како да му помогне на бизнис секторот.

Денес во хотелот „Александар Палас“ беше промовиран Советот за развој на тренингот и обуките кој е формиран во рамките на Комората чија основна цел е обезбедување стручен и квалификуван кадар со II, III и IV ниво на квалификации во согласност со потребите на бизнисот, и поврзување на понудата и побарувачката на работна сила со квалификации, вештини и практично искуство согласно на потребите на работодавачите.

Преку еден иновативен начин беше претставена работата на центрите во состав на Советот:

  •     Берзата на труд – платформа за поврзување на училиштата и компаниите
  •     Центарот за дуално образование
  •     Центарот за преквалификација и доквалификацијa
  •     Центарот за развој на тренингот и обуките

Преку овие центри Советот си постави задача континуирано да ги идентификува и евалуира потребите на компаниите од кадар со специфични квалификации и да понуди на расположивиот кадар на пазарот на трудот адекватни стручни доусовршувања преку обуки, кои одговараат на актуелните потреби на компаниите. Ако не беа кризите, образованието ќе беше приоритет!

Контактирајте со нас - тука сме да ви помогнеме!

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората