ГРАНИТ АД СКОПЈЕ - 70 ГОДИНИ УСПЕШНА ГРАДЕЖНА ПРИКАЗНА
➢ Актуелно (24.11.2022, во 10:02:00)
👁 Прочитано: 287




ГРАНИТ АД СКОПЈЕ - 70 ГОДИНИ УСПЕШНА ГРАДЕЖНА ПРИКАЗНА Кликни за повеќе

ГРАНИТ АД Скопје е реномирана компанија посветена на реализација на сериозни проекти во сите сегменти на градежништвото и една од малкуте македонски градежни компании кои во моментот се присутни и на домашниот и на странскиот пазар со бројни стекнати референци и висококвалификувани расположливи кадровски капацитети. 

На денешен ден, пред 70 години (1952 г.), со Владина Одлука е формиранa ГД Гранит АД Скопје, како компанија за конструкција на патишта за потребите на Социјалистичка Република Македониjа. 

Како општествено одговорна компанија ГРАНИТ континуирано се залага и придонесува во развојот и зголемување на конкурентноста на македонскиот градежен сектор. Способноста, знаењето, искуството и стручноста на кадрите стојат зад успешното децениско работење на компанијата и ја прават една од предводниците на македонската градежна оператива. 

Стопанската комора на Северна Македонија им го честита овој значаен јубилеј, со желби за многу години натамошна успешна работа и реализирани проекти!

Служба за информирање при Комората