Пуштена Пречистителна станица за технолошки води во велешката Крзнарската индустрија А.Д. „Димко Митрев“
➢ Актуелно (18.11.2022, во 19:58:00)
👁 Прочитано: 364




Пуштена Пречистителна станица за технолошки води во велешката Крзнарската индустрија А.Д. „Димко Митрев“Кликни за повеќе

Крзнарата А.Д. „Димко Митрев“ во Велес, долгогодишна активна членка на Стопанската комора, пушти во функција најсовремена пречистителната станица за отпадни води, за чија реализација се потрошени 1,6 милиони евра. Со ова заврши проектот за заштита на водите на реката Вардар, откако пред три години беше завршена првата фаза.

На свеченото отворање, на кое присуствуваа потпретседателката на Комората Јелисавета Георгиев Јовевска и Антонета Манова Ставреска, директорот на крзнарата Атанас Киров пред присутните потенцираше дека прочистителната станица претставува една од најголемите инвестиции во заштитата на животната средина во Велес и пошироко, која е реализирана со финансиска помош од  мнозинскиот акционер во крзнарата Шведската компанија  „Шепард“.

„Пред три години ја отворивме првата фаза за третман на отпадни хромни води, која успешна функционира.  Таа нѐ чинеше 320 илјади евра. Оваа втората беше многу пообемна. Со неа се пречистуваат сите отпадни води од фабриката. Оваа постапка ја работевме 20 години и денес е стварност “, нагласи Киров.

Свен Јоркман доминантниот акционер на Крзнарата „Димко Митре“ и сопственик на Шведската компанија  „Шепард“ во своето обраќање до присутните истакна дека за двете фирми ова е голем чекор.

„За нас три работи се многу важни, одговорноста што ја имаме за нашите производи, животната околина и одржливоста. Според ова ние можеме да ја креираме нашата иднина, да продолжиме да развиваме нови производи, да бидеме конкурентни во светот. Без оваа Пречистителна станица во фаза еден и два би било невозможно ние да продолжиме напред. За нас е мотивација и ние сме решени да продолжиме понатаму. Го планиравме ова со тимот многу години дискутиравме да го направиме и еве денеска сме среќни што го реализиравме сето тоа“, потенцираше Јоркман.

Крзнарата „Димко Митрев“ постои 75 години, вработува 280 лица, изработува крзнени производи кои во 90 отсто завршуваат на Скандинавските пазари.

Служба за информирање при Комората