ВО ШТИП СТОПАНСКА КОМОРА И ИФЦ ОДРЖАА ПРЕДАВАЊЕ ЗА МЕДИЈАЦИЈА И РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА ИНСОЛВЕНТНОСТ
➢ Актуелно (18.11.2022, во 12:09:00)
👁 Прочитано: 334




ВО ШТИП СТОПАНСКА КОМОРА И ИФЦ ОДРЖАА ПРЕДАВАЊЕ ЗА МЕДИЈАЦИЈА И РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА ИНСОЛВЕНТНОСТКликни за повеќе

Стопанската комора на Северна Македонија во Штип го реализираше второто бесплатно предавање (од новиот циклус на едукации) за компаниите за поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава. Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, а со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со партнерите и поголема предвидливост на настаните во следниот период, како една од најповолните алатки за решавање на сегашен или иден спор на компаниите, особено се препорачува користењето на медијацијата. Стопанската комора на Северна Македонија, за популаризација и афирмација на медијацијата, институционално е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка. 

Предавањето во Штип на Стопанската комора на Северна Македонија и на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) на тема:“Предизвици и изнаоѓање нови алатки и можности за поддршка на фирмите-рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност и користење на медијацијата во решавање на стопанските спорови”, се одржа пред 20-тина компании. 

Бесплатните предавања за бизнис заедницата продолжуваат во Струмица на 22 ноември 2022 година.

На предавањето Дејан Костовски, правен консултант во проектот на Меѓународна Финансиска Корпорација, групација на Светска Банка – „ Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“ говореше на две теми.   

Првата тема на која говореше се однесуваше на „Новите постапки предвидени со предлог Законот за инсолвентност во насока на новите можности за фирмите за изнаоѓање на излез и решавање на проблемите произлезени од економската криза предизвикана од мулти кризата“. Во фокусот на неговото излагање беа можностите за разрешувањето на финансиските потешкотии  со кои се соочуваат  друштвата  преку постоечката законска регулатива  и  новините кои се предвидени  во предлог  законот за инсолвентност. Во контекст на  предлог законот за  инсолвентност беа преставени  двете постапки кои имаат за цел да им помогнат на претприемачите  навремено  да пристапат кон  разрешување на идните финансиски потешкотии кои долгорочно  можат да  предизвикаат инсолвентност. Тоа се постапката за превентивно преструктуирање и  предстечајна реорганизација. 
Втората тема на која говореше г-дин Костовски се однесуваше на „Раните знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на друштвата“. Тука тој се осврна на новините вградени во предлог законот за инсолвентност. Целта на воведување на  системот за рано предупредување е овозможување на должниците  на кои им  престојат финансиски потешкотии  истите рано да  ги препознаат  и навремено да преземат мерки за спроведување на постапка заради надминување на идната  инсолвентност. Тој подвлече дека со предлог законот се  нормира систем за рано предупредување кој се состои од два дела. Првиот дел од системот на рано предупредување е поврзан со зајакнувањето на капацитетите на  органите на управување во делот на навременото или многу рано препознавање на финансиските потешкотии што би требало да доведе до тоа трговското друштво да се спаси. Тоа пошироко гледано би влијаело значителен процент на бизнисите и работнит
е места да се спасат. Вториот дел од системот на рано предупредување треба да биде насочен кон  навремено предупредување  на доверителите за тоа дека кај определени друштва постојат услови за настанување на финансиски потешкотии. Се работи за посебни алатки за рано предупредување кои треба да се воспостават за да се предупредат доверителите за итната потреба да делуваат имајќи предвид дека што порано преземат акција имаат повеќе шанси да ја максимизираат наплата на нивните побарувања од друштвата за кои постојат индиции дека се соочуваат со идна инсолвентност. Овој систем треба да резултира со спасување на доходовниот дел на претпријатието и продолжување со деловната активност или ако тоа не е можно  спроведување на уредна стечајна постапка.
На предавањето, д-р Јелисавета Георги
ева-Јовевска, потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија (СКСМ) и Национален кооринатор за медијација говореше за можноста за вклучување на медијацијата која им се нуди на располагање на фирмите како алатка и во борбата на заздравување на економијата (од мулти кризата) преку брзо и ефикасно решавање на одреден спор.
Таа подвлече дека Стопанската комора на Северна Македонија години наназад организира низа настани и активности со цел поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава. Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, а со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со партнерите и поголема предвидливост на настаните во следниот период, како најповолна алатка за решавање на сегашен или иден спор на компаниите, особено се препорачува користењето на медијацијата. Како Национален координато за медијација, Георгиева Јовевска подвлече дека улога и на Националниот совет за медијација е преку следење на работите на квалитетот на медијацијата да се промовира истата и да се искористат сите нејзини бенефити за инволвираните страни.
Медијацијата кај нас датира уште од 2006
-та година и до сега законски има неколку измени со цел подобрување на регулативата и тоа во 2013, 2015, 2016 и последно во 2021 година кога се носи нов Закон за медијација во РСМ (кој е во сила од 04.1.2022 година  („Службен весник на Република С. Македонија“, бр. 294/2021). Тој има за цел приближување на земјата кон Европската Унија, која, пак, во ситуација на разрешување конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става врз алтернативното решавање на споровите и врз медијацијата како еден од нив. Во Законот се разработени начелата на медијацијата, целосно усогласени со директивата на Европската Унија 2008/52/ЕС за медијација во граѓанските и во стопанските спорови, како што е начелото за доброволност на медијацијата, но и начелата за рамноправност и неформалност, непристрасност, доверливост, за достапноста на информациите од медијацијата во другите постапки, еднаквост на страните, правичност, ефикасност и за економичност. Со решенијата што ги нуди овој закон, сите засегнати страни, ќе настојуваат да помогнат во зајакнување на медијацијата во нашата држава за да истата го добие заслуженото место, а од друга страна, посебно, да се зајакне правната сигурност на корисниците на медијацијата, со што ќе се овозможи на многу побрз и сигурен начин да се остварат нивните права и интереси. 

Стопанската комора на Северна Македонија, за популаризација и афирмација на медијацијата, институционално во овие активности е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка. И на ова предавање беше промовирано второто издание на Брошурата за медијација поддржано од ИФЦ.Во следниот период, заеднички, СКСМ и ИФЦ продолжуваат со организација на семинари и обуки за компаниите во Скопје и нив регионалните комори во нашата држава на темата за рано предупредување и превземање на соодветни мерки од страна на компаниите со цел да не дојде до нарушување на нивната ликвидност и решавање на сегашен или иден можен спор.
 

Служба за информирање при Комората