ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА



Со Предлог-законот се доредуваат законските решенија на член 28 од постојниот Закон во насока на предвидување на здравствени установи во кои ќе се лекуваат лицата заболени од Коронавирус COVID-19

Воедно, се предвидуваат нови поголеми овластувања за надлежните инспекциски служби да вршат инспекциски надзор над мерките наредени во согласност со членот 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Така, со членот 3 се пропишува законско овластување за Државниот пазарен инспекторат, Државениот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и на другите инспекциски служби на централно ниво и/или инспекциските служби во состав на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје да изрекуваат привремена забрана за вршење на дејноста во траење од 10 до 30 дена.. Се уредува донесувањето на усно и писмено решение, изјавување на жалба против решението и поставување на лента.

Со членовите 4, 5, 6 и 7 се усогласуваат одредбите со Законот за прекршоците, како и се воведува нова глоба за правните лица кои постапуваат спротивно на мерките наредени согласно со членот 58 ¹ од Законот. Така, се додава нов член 66-б, според кој се предвидува:

Глоба во износ од 2.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 5.500 до 6.000 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 17.500 до 18.000 евра во денарска противвредност за среден трговец, и глоба во износ од 25.000 до 30.000 евра во денарска противвредност за голем трговец ќе се изрече за прекршок на правно лице кое постапува спротивно на мерките согласно член 58 од овој закон.

Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за наведениот прекршок на одговорното лице во правното лице.

Глоба во износ од 750 евра во денарска противвредност ќе се изрече за наведениот прекршок на трговец поединец.

Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе се изрече за наведениот прекршок на физичкото лице.

¹ Член 58 од Законот гласи:

Кога со мерките пропишани со овој закон не е можно во Република Македонија да се спречи внесување и ширење на одредени заразни болести, Владата на Република Македонија на предлог на Министерството може да ги нареди следниве мерки:

1) да одреди услови за патување, како и мерки и услови при враќање од држава каде што постои можност за заразување со посебно опасни заразни болести;
2) да забрани патување во држава каде што постои можност за заразување со посебно опасни заразни болести;

3) да воспостави посебен режим на движење или да забрани движење на населението во заразените, односно загрозените подрачја;

4) да забрани собирање на населението на јавни собири, во кино сали, училишта, јавни објекти, локали и други јавни места, додека трае опасноста од ширење на заразната болест;

5) да ограничи или забрани промет на одделни видови на стоки и производи и
6) други мерки пропишани со овој закон.


Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје