ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 229 ОД 23.09.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 22 септември 2020 година, донесе

 

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

 

Член 1

         Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20, 126/20, 134/20, 136/20, 140/20, 147/20, 153/20, 154/20, 156/20, 157/20, 163/20, 166/20, 169/20, 170/20, 175/20, 180/20, 181/20, 185/20, 190/20, 195/20, 201/20, 204/20, 208/20, 212/20, 215/20, 217/20 и 226/20), во членот 1, став 1, во точката 4. ставот 1 се брише.

            По ставот 2, кој станува став 1, се додава нов став 2 кој гласи:
            „Може да отпочнат со работа едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици, со задолжително почитување на Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на епидемија со COVID-19 од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, кој е даден во Прилог број 61 и е составен дел на оваа одлука.“.

            Во точката 16. во ставот 2, зборовите „кој е даден во прилогот од точка 21 став 1 на оваа одлука“, се заменуваат со зборовите „кој е даден во прилогот од точка 17. став 1 на оваа одлука“.

            По точката 24. се додава нова точка 25. која гласи:
            „Активностите, начинот на работа и условите поврзани со работа на природните лекувалишта, се утврдуваат во и одвиваат со задолжително почитување на Протоколот за работа на природните лекувалишта во услови на пандемија со COVID-19 од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, кој е даден во Прилог број 62 ¹ и е составен дел на оваа одлука.“.

 

Член 2

            Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2147/40

 Прв заменик на претседателот

22 септември 2020 година

 на Владата на Република

Скопје

Северна Македонија,

 

м-р Артан Груби, с.р.

 

¹ Прилог број 62

ПРОТОКОЛ
за работа на природните лекувалишта во услови на епидемија co COVID-19

 

Сите вработени лица во природните лекувалишта и пациентите кои ќе бидат третирани или сместени во истите потребно е да се придржуваат и да ги почитуваат основните превентивни мерки за превенција од COVID-19, препорачани од Комисјата за заразни болести и Мистерството за здравство:


• Задолжително носење на лична заштитна опрема за време на престој во објектот

• Одржување на физичко растојание

• Обезбедување често миење/дезинфекција на рацете

• Редовно чистење и дезинфекција на средината

 

Пред влезот во објектот:

• Да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на обувките на сите посетители и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете co известување за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.

• На влез во објектот се препорачува мерење на телесна температура на вработените и пациентите co бесконтактен тепломер. За лицата co покачена температура над 37,5°С да не се дозволи влегување во објектот.

• Поставување на дезинфекциони средства за раце на видливи и достапни места во ходниците и чекалните, за честа дезинфекција на рацете.

 

Информирање на пациентите:

• На видливи места на влезот и во самиот објект да се постави информативно-едукативен материјал за пациентите во однос на почитување на превентивни мерки и начинот на однесување за време на престојот во бањата.

 

Препораки за персоналот:

• Вработените секојдневно задолжително да ја следат својата здравствена состојба и во случај на појава на респираторни симптоми: треска, зголемена телесна температура, кашлица или отежнато дишење, не доаѓаат на работа. При влез на работа, се препорачува мерење на телесна температура на вработените co бесконтактен топломер, а лицата co повишена температура над 37,5°С да се вратат дома. Во случај на појава на потврден случај на COVID-19 во блиската фамилија, вработениот не доаѓа на работа и веднаш телефонски го известува претпоставениот.

• На работното место сите вработени задолжително се придржуваат до базичните мерки на заштита.

• Спроведување хигиена на рацете co миење на рацете co сапун и вода најмалку 20 секунди. Ако нема можност за миење co сапун и вода тогаш задолжително рацете да се дезинфицираат co средство за дезинфекција на раце базирано на алкохол.

• Задолжителна употреба на лична заштитна опрема: медицински ракавици, заштитни маски, наочари или визири и мантили за еднократна употреба зависно од тераписката процедура и ризикот од инфекција.

- Ракавиците да бидат за една употреба. Да се внимава кога се вадат ракавиците, да се фаќаат од внатрешната страна и да се фрлаат во корпа за медицински отпад.
- Маските да се менуваат често, бидејќи нема да овозможуваат потребна заштита. Кога ќе се вадат да се внимава да не се допре лицето.
- Почеста дезинфекција на наочарите и визирите по потреба co средство за дезинфекција. Внимателно постапување по нивно вадење и внимавање да не се контаминираат од внатрешната страна. Да се оставаат на чиста и заштитена површина.
- Работната облека по работниот ден или по потреба да се пере или во зависност од составот да се дезинфицира соодветно.

• Избегнување допир на очи, нос и уста.

• Изведување респираторна хигиена при кашлање и кивање во свиткан лакт или марамче кое потоа веднаш треба да се фрли во корпата за медицински отпад.

• Да се одржува физичко растојание од 1,5 - 2 метри.

• Во текот на паузите да се избегнува групирање и заеднички оброк на повеќе лица, и по можност времето за пауза на персоналот да се организира во различни временски интервали.

 

Хигиена на просторот

• Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот co употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.

• Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите (на секои 2 часа) co задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

• Затворениот простор неопходно е редовно да се проветрува co природно проветрување на просториите. При користење на клима уреди, редовно да се менуваат и дезинфицираат филтрите. He се препорачува користење на централна климатизација од затворен тип.

 

Посета на лекувалиштето се обавува по претходно закажан термин на телефон!

При јавување на пациентот на телефон да закаже термин, се поставуваат следните прашања:
1. Неодамнешно патување во места каде има позната трансмисија на COVID-19 во заедницата?
2. Неодамнешен контакт co лице co потврдено присуство на COVID-19?
3. Неодамнешна посета или работа во здравствена институција каде се третираат пациенти co потврден COVID-19?

Ако одговорот е HE на сите горенаведени прашања, можат да продолжат да закажат и да ја посетат установата.

Ако одговорот е ДА на некое од горенаведените прашања, лицето треба да се праша дали има некој од следниве симптоми: треска, кашлица, отежнато дишење, друг симптом или некоја друга карактеристика на горно-респираторна инфекција како назален секрет или често кивање. Ако лицето потврди присутво на некои од овие симптоми тогаш не треба да се закаже термин, а лицето се советува да побара консултација co матичен лекар.

 

Постапки и прашања кои се поставуваат при прием на пациентите во лекувалиштето од страна на медицинска сестра

• На влезот од установата се мери телесна температура на пациентите co безконтактен термометар

• Доколку пациентот нема покачена телесна температура се поставуваат следните прашања и се пополнува анкетен лист на кој пациентот треба да се потпише:
1. Неодамнешно патување во места каде има позната трансмисија на COVID-19 во заедницата?
2. Неодамнешен контакт co лице co потврдено присуство на COVID-19?
3. Неодамнешна посета или работа во здравствена институција каде се третираат пациенти co потврден COVID-19?

4. Ако имаат некои од следниве симптоми - треска, кашлица, отежнато дишење, друг симптом или некоја друга карактеристика на горно-респираторна инфекција како назален секрет или често кивање?

•  Ако се сомневаме на можна инфекција co COVID-19 во тек на консултацијата, пациентот не се прима, се упатува на консултација co матичен лекар и закажување на термин за тестирање за COVID-19. Пациентот веднаш се изолира во посебна просторија за изолација додека се организира превоз до дома

По заминување на пациентот од просторијата, се следат на упатствата по протокол за чистење и дезинфекција на просторот.

•  Доколку пациентот одговори негативно на сите наведени прашања се упатува кон приемниот пулт co предходна задолжителна дезинфекција на рацете и задолжителна заштитна маска, а потоа се отвара медицинска историја и се испраќа на преглед кај специјалист физијатар.

Во чекалната пациентите да бидат распределени од редар (одговорна медицинска сестра) кој ќе ги упати кон обележани места на соодветно растојание и кој ќе го контролира спроведувањето на превентивните мерки (носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, дезинфекција на рацете).

 

Спроведување на физикална терапија кај лежечки пациенти

• Прегледите да се одвиваат во термин од времетраење од 20 минути co 15 минути време помеѓу два прегледа за да може да се дезинфицира ординацијата.

• Потребно е приемното одделение и одговорната сестра да го организираат начинот на испраќање на пациентите кон ординациите co цел да не се создава метеж пред ординациите и докторите непречено да го извршуваат прегледот.

• Пациентите кои го реализираат своето лекување co престој во установата да бидат упатени кон одделна кабина за електротерапија. По излезот на предходните пациенти, работните површини и апаратите да бидат дезинфицирани.

• Мануелна масажа. Пред почеток на масажата кабината се дезинфицира. На кревет се поставува навлака за еднократна употреба или нов чаршав за секој пациент. Масерите задолжително да носат заштитни ракавици и да ги менуваат co промена за секој пациент.

• Кинезитерапија да се спроведува во кинезисала во посебни термини за лежечки пациенти, co распределување на пациентите: на растојание од 2 метри, co задолжителна заштитна опрема на пациентите и физиотерпевтите. Задолжителна дезинфекција на работните површини и реквизитите во кинезисалата по завршување на вежбите. При индивидуални потпомогнати вежби физиотерапевтите задолжително да носат заштитни маски, визири и заштитни ракавици.

• Хидрокинезитерапија и хидротерапија. Во делот на хидротерапијата, да се обезбеди растојание меѓу пациентите во базен, односно да се води сметка за бројот на лицата кои во исто време ќе го користат базенот. Во базенот да се постави табла co инструкции за одржување на растојание од минимум 1,5 метри од секој клиент, како и лежечките кревети да имаат растојание од 1,5 метри, освен ако истите не се користат од членови на исто семејство.

• Користењето на базените co термо-минерална вода се спроведува co почитување и согласно Протокол за работа на базените во тек на пандемија co COVID-19 усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (Прилог бр. 39).

 

Предлог за спроведување на физикална терапија за пациенти на Мој термин

• Посебен пулт за прием на пациенти кои своето лекување ќе го реализираат преку Мој термин.

• На самиот влез пациентите ќе бидат анкетирани co истиот анкетен лист наведен погоре и ќе им биде измерена телесна температура. На пултот по издавање на медицински картон ќе бидат упатени кон лекарска ординација посебна за пациентите на Мој термин.

• Прегледите ќе се одвиваат во 15 минутен термин и 5 минути помеѓу секој преглед за да може да се дезинфицира ординацијата.

• Електротерапија, медицинска масажа и термотерапија ќе им биде аплицирана во соодветните простории. По завршување на третманите се спроведува задолжителна дезинфекција на кабината/креветот за третман.

• Кинези терапијата и хидро терапијата кај пациентите co Мој термин да се спроведе на посебен термин, односно да не се вкрстуваат co пациентите кои се лежечки во природното лекувалиште.

 

Работа на ресторантот

Работата на ресторантот во природните лекувалишта cе спроведува co почитување и согласно Протоколот отварање и работа на угостителските објекти за исхрана усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (Прилог бр. 8).

 

Сместување на лежечки пациенти

Сместувањето во болничките капацитети се спроведува co почитување и согласно Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување) усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (Прилог бр. 24), co напомена дека се сместува по еден пациент во соба, освен ако пациентот е во придружба на член од семејството или co придружник по своја волја.

 

Работа на спа центар

• Надворешни клиенти за користење на големиот базен и спа центарот да не се примаат до стабилизација на епидемијата и целосно укинување на рестриктивните мерки.

• Надворешни клиенти за користење на масажа да бидат примени после спроведување на епидемиолошка анкета на приемен пулт и потпис од клиент. Задолжителна заштитна опрема на клиенти и персонал при изведување на третман. Помеѓу третманите да има период од 30 минути за дезинфекција на собите за масажа.

 


Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје