ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 217 ОД 09.09.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 9 септември 2020 година, донесе

 

ОДЛУКА
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

 

Член 1

            Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20, 126/20, 134/20, 136/20, 140/20, 147/20, 153/20, 154/20, 156/20, 157/20, 163/20, 166/20, 169/20, 170/20, 175/20, 180/20, 181/20, 185/20, 190/20, 195/20, 201/20, 204/20, 208/20, 212/20 и 215/20), во член 1, став 1, во точката 14. по ставот 5 се додаваат два нови става 6 и 7 кои гласат:

            „Државјаните на Република Косово кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово и кои транзитираат, задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија.

            Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест за деца при влегување на територија на Република Северна Македонија, во случаите од став 4 ¹ и став 6 од оваа точка, се приложува кога детето е над 10 годишна возраст.“.

 

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2147/38

 Претседател на Владата

9 септември 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Зоран Заев, с.р.

 

¹ Став 4 на точка 14, гласи:

                „По исклучок на ставот 1 од оваа точка, државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија задолжително приложуваат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија и пополнета изјава со лични податоци, податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.“

 


Контакт лице: Љупка Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје