Врз основа на член 64 ставови (12), (13) и (14) од Законот за управување со отпадот (*) („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 216/21) и член 4 став (2) од Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/13), министeрот за животна средина и просторно планирање донесе
ПРАВИЛНИК ЗА БАРАЊАТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ОД СТРАНА НА СУБЈЕКТИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ДОЗВОЛАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД (*)
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за добивање на дозвола за управување со отпад, формата и содржината на образецот на барањето за добивање на дозвола за управување со отпад и начинот на доставување на барањето, како и формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на дејност за управување со отпад.
Член 2
Барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за вршење на дејностите за управување со отпад како собирање и транспортирање на отпад, складирање на отпад или преработка или рециклирање на отпад во стационарни или мобилни постројки, за добивање на дозвола за управување со отпад, се следните:
1. да користат опрема за контролирање и намалување на загадувањето, односно да не се загрозува здравјето и животот на луѓето и да не се загадува животната средина;
2. да имаат воведено мерки за ефикасно идентификување и оценување на загадувањето, како и справување со сите штетни влијанија врз животната средина кои што може да произлезат при управувањето со отпадот согласно прописите од областа на животната средина;
3. локацијата за која се бара дозволата да е надвор од населено место и заштитени подрачја согласно закон;
4. минималната површина на локацијата за која се бара дозволата за вршење на дејностите складирање на отпад, преработка или рециклирање на отпад во стационарни или мобилни постројки да е најмалку 1000 m2, а доколку се работи за управување само со еден вид на отпад од Листата на видови на отпад, минималната површина на локацијата да е најмалку 300 m2;
5. да имаат воспоставено систем за следење на отпадот во кој ќе се регистрира видот и количината, природата, потеклото, фреквенцијата на собирањето, начинот на транспортирање и методот на преработка или (*) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 2008/98/ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 19 ноември 2008 година за отпад и укинување на одредени директиви (CELEX бр.32008L0098). рециклирање за секој вид на отпад, а доколку отпадот е наменет за транспортирање и наведување на местото на попатните станици и крајната дестинација и
6. да водат посебна евиденција за секој вид на отпад кој е испорачан до објектот или инсталацијата согласно прописите од областа на управувањето со отпадот.
Правилник за барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за добивање дозвола за управување со отпад.pdf Прилог 1.pdf