ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАСИШТАТА



Во Законот за пасиштата („Службен весник на Република Македонија“ број 03/1998,101/2000,89/2008,105/2009,42/2010,116/2010,164/2013,193/2015 и 215/2015), во членот 3 ставот 1 се менува дефиницијата за пасишта и истата гласи:
„Пасиште, во смисла на овој закон, е земјоделско земјиште обраснато со трева, чие  искористување се врши најрационално со пасење, за изгон, одмор на добиток и покосување.“
Се дополнува членот 7 кој се однесува на давањето пасиштата на користење на правни и физички лица по пат на јавен оглас, како и се пропишува надлежниот орган давање под закуп на пасишта наменети за градби за производство на електрична енергија од сончева енергија.
Се менува и дополнува членот 7-а кој се однесува на донесување одлука за распишување на јавен оглас за давање на користење на пасиштата во државна сопственост. 
Се додава членот 7 –д кој се однесува на давање на пасиштата кои не се дадени на користење на јавен оглас на користење во постапка  без објавување на јавен оглас.
Се менуваат и дополнуваат и членовите 8 во врска со склувањето на нов договор за користење на пасишта со дотогашниот корисник, членот 9 – а во врска со разорувањето на пасишта, членот 10 во врска со изградбата на објекти за примарна обработка на земјоделски производи наменети за одгледување на добиток, за преработка на производи од добиток и производи од пчели, за колење на добиток и  за ветеринарно здравство на пасиштата.

Целосниот текст на предложениот закон е достапен на следниот линк.
 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје