ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.173 ОД 1.8.2022 ГОДИНА)



Со Законот за финансиска стабилност се врши усогласување со Регулативата (ЕУ) бр.1092/2010 на Европскиот Парламент и на Советот од 24 ноември 2010 година за макропрудентен надзор на финансискиот систем на Европската Унија и формирање Европски одбор за системски ризик (CELEX бр. 32010R1092).
Со овој закон се уредуваат целите, статусот, задачите и начинот на работа на Комитетот за финансиска стабилност, како и инструментите и начинот на спроведување на макропрудентната политика на Република Северна Македонија.
Комитетот за финансиска стабилност се формира како меѓуинституционално тело одговорно за следење на спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија и за координација на активностите при идентификувањето и следењето на системските ризици во одделните сегменти од финансискиот систем коишто можат да влијаат на одделните сегменти и на финансискиот систем во целина при преземањето макропрудентни мерки и при подготовката и управувањето со финансиска криза.
Целта на Комитетот е да придонесе за постигнување и одржување на финансиската стабилност во земјата.

За остварување на својата цел, Комитетот ги врши следниве задачи:
1) ја усвојува макропрудентната стратегија од членот 15 од овој закон, како и нејзините изменувања и/или дополнувања и се грижи за нејзиното спроведување;
2) ги следи и оценува состојбите во финансискиот систем;
3) дава укажувања и препораки заради спречување или намалување на системските ризици и одржување на финансиската стабилност и го следи нивното спроведување;
4) ги разгледува макропрудентните мерки кои што ги презеле одделните надлежни органи и ги оценува ефектите од овие мерки;
5) дава насоки за работа на Поткомитетите од членот 10 од овој закон и ги разгледува анализите, информациите, предлозите и записниците добиени од Поткомитетите;
6) ја оценува потребата од унапредување на суштински законски и подзаконски прописи;
7) ја оценува подготвеноста на надлежните органи и Фондот за осигурување на депозити за справување со финансиска криза;
8) ја координира соработката меѓу надлежните органи во услови кога не постои финансиска криза;
9) одлучува за постоење и престанок на финансиска криза;
10) ја координира соработката меѓу надлежните органи и Фондот за осигурување на депозити во услови на потенцијална или настаната финансиска криза заради соодветно управување на финансиската криза;
11) соработува со соодветни органи или тела во странство надлежни за водење макропрудентна политика и со меѓународни финансиски организации и
12) врши други активности за остварување на целта и извршување на задачите од овој закон.


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје