ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.171 ОД 29.7.2022 ГОДИНА)



Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), во општата одредба во врска со вршење на активности во член 20 со кој се утврдени забранети активности на територијата на Република Северна Македонија, во став (1) по алинејата 1 се додава нова алинеја 2, со која се предвидува дека е забрането: „- градење или реконструкција на нови инсталации од тешка и загадувачка индустрија (Г1) на растојание помало од пет километри од населено место или заштитено природно подрачје,“. 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје