Согласно Известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со предложените измени и дополнување на Законот за пасиштата се решава статусот на пасиштата како добро од општ интерес за државата и се предвидуваат усогласени надлежности на Владата на Република Северна Македонија. Целта што сака да се постигне со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон е поцелисходно и порационално искористување на пасиштата како добро од општ интерес, а сето тоа во насока на поефикасно остварување на целите на земјишната политикаи на националната земјоделска политика.