ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА (*) 



МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Врз основа на член 185 од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19) и член 4 став (2) од Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/13), министерот за економија донесе

ПРАВИЛНИК
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА (*) 

Член 1

Во Правилникот за обновливи извори на енергија (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 112/19 и 240/19), во членот 2 став (3) точка 5) по зборовите „(електрични генератори или фотонапонски панели),“ се додаваат зборовите „инвертери (за фотонапонски панели),“.
Во точката 10) сврзникот „и“ на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка.
Во точката 11) точката на крајот од реченицата се заменува со сврзникот „и“.
По точката 11) се додава нова точка 12) која гласи:
„12) „инсталирана моќност на електроцентрала“ е збир од номиналната активна моќност на сите електрични генераторски единици инсталирани во електроцентралата или збир од номиналната активна моќност на сите инвертери инсталирани во фотонапонската електроцентрала.“

Член 2

Во членот 4 став (1) по зборот „Домаќинство,“ се додаваат зборовите „заедница на домаќинства - сопственици на посебни делови во станбена зграда или заедница на домаќинства - сопственици на посебни делови во станбена зграда кои склучиле договор за вршење управувачки услуги со управител на станбени згради, за потребите на заедничките делови во станбената зграда,“.
Во ставот (2) во точката 1) зборовите „универзалниот снабдувач“ се заменуваат со зборовите „снабдувачот во краен случај“.
Точката 3) се менува и гласи:
„3) инсталираната моќност на постројката за производство да не е поголема од:
- 6 kW за домаќинство,
- 6 kW за заедница на домаќинства - сопственици на посебни делови во станбена зграда или заедница на домаќинства - сопственици на посебни делови во станбена зграда кои склучиле договор за вршење управувачки услуги со управител на станбени згради, а произведената електрична енергија се користи за потребите на заедничките делови во станбената зграда, односно
- 40 kW за мал потрошувач, буџетски корисник и единка корисник,“.
Точката 4) се брише.
Точката 5) станува точка 4).
Во ставот (6) по зборот „снабдувачот“ се додаваат зборовите „односно универзалниот снабдувач“.

Член 3

Во членот 5 по ставот (1) се додава нов став (2) кој гласи:
„(2) Ако електричната енергија произведена од потрошувачот-производител предадена на електродистрибутивната мрежа ја презема универзалниот снабдувач, вишокот на преземената електрична енергија во пресметковниот период се вреднува согласно формулата од ставот (1) на овој член, при што во овој случај PCE е просечната набавна цена на електрична енергија која универзалниот снабдувач ја набавува за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи“.
Ставот (2) кој станува став (3) се менува и гласи:
„(3) Пресметковниот период од ставовите (1) и (2) на овој член изнесува шест месеци, при што првиот пресметковен период е од јануари до јуни, а вториот пресметковен период е од јули до декември“.
По ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи:
„(4) Ако постројката на потрошувачот-производител започне со работа по отпочнувањето на пресметковниот период, кој во тој случај е пократок од шест месеци, ќе трае до истекот на пресметковниот период од ставот (3) на овој член.“.
Ставот (3) станува став (5).

Член 4

Во членот 6 став (3) во точката 1) по запирката се додаваат зборовите „не постара од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето,“.

Член 5

Во членот 8 во ставот (1) зборот „шест“ се заменува со зборот „девет“, а зборот „две“ се заменува со зборот „три“.
Во ставот (2) зборот „две“ се заменува со зборот „три“.
Во ставот (3) во воведната реченица зборот „четири“ се заменува со зборот „три“.
Точката 1) се менува и гласи:
„необработените податоци на мерните инструменти ги отстапува на Агенцијата во електронска форма на емаил адреса: ea@ea.gov.mk и“.

Член 6

Во членот 16 став (2) во точката 4) сврзникот „и“ на крајот од реченицата се брише.
Во точката 5) точката на крајот од реченицата се заменува со сврзникот „и“.
По точката 5) се додава нова точка 6) која гласи:
„6) производители кои користат друга мерка за поддршка на обновливи извори на енергија.“.

Член 7

Во членот 17 став (1) по зборовите „или друга’’ се додават зборовите „мерка за“.

Член 8

Во членот 19 став (2) во точката 3) сврзникот „и“ на крајот од реченицата се брише.
Во точката 4) точката на крајот на реченицата се заменува со сврзникот „и“.
По точката 4) се додава нова точка 5) која гласи:
„5) за барател - правно лице, тековна состојба на субјектот не постара од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето.“.
Во ставот (3) во точката 1) по зборот „барателот“ се додаваат зборовите „или снабдувачот, односно универзалниот снабдувач“.

Член 9

Прилозите 1, 3 и 4 се заменуваат со нови Прилози 1, 3 и 4 кои се составен дел на овој правилник.

Член 10

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

Бр. 12-3264/1    
15 јуни 2022 година                                                                             Министер за економија,
Скопје                                                                                                     Kreshnik Bekteshi, с.р.
 

 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје