ДОНЕСЕНИ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ, ОБЈАВЕНИ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 246 ОД 29 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА



I. Врз основа на член 87 став (22) од Законот за акцизите* („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 108/19, 143/19 и 225/2019) министерот за финансии, донесе

Правилник за димензиите, формата и ознаките на акцизната марка, начинот на пријавување и подигнување на акцизните марки, содржината на извештаите за подигнати, искористени и вратени акцизни марки и потребната документацијa, начинот на враќање на неисправни, неискористени и оштетени акцизни марки, како и начинот на уништување на акцизните марки

Со овој Правилник се уредува дека акцизните марки со кои се обележуваат тутунските производи и течноста за полнење на електронски цигари кои се произведуваат или увезуваат на акцизното подрачје треба да имаат испечатени посебни ознаки и сериски број. Содржината на посебните ознаки е даденa во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.

За обележување на тутунските производи како цигари, пури, цигарилоси, тутун за пушење, несогорлив тутунски производ, тутун за водено луле, тутун за шмркање, тутун за џвакање и течност наменета за полнење на електронски цигари се користат пет типа на акцизни марки Тип 1, Тип 2, Тип 3, Тип 4 и Тип 5. Формата и содржината на акцизните марки се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.

Пријавата за планирани количини на акцизни марки за обележување на цигари, пури, цигарилоси, тутун за пушење, несогорлив тутунски производ, тутун за водено луле, тутун за шмркање, тутун за џвакање и течност наменета за полнење на електронски цигари се поднесува од 1 до 10-ти во месецот за планирани количини за наредниот месец. Пријавата се поднесува во електронска форма преку компјутерскиот систем на Царинската управа.

Акцизните марки за обележување на пури, цигарилоси, тутун за пушење, тутун за водено луле, тутун за шмркање, тутун за џвакање и течност наменета за полнење на електронски цигари, се издаваат во пријавените количини.

Барање за подигнување на акцизни марки се доставува во електронска форма со користење на компјутерскиот систем на Царинската управа. Во барањето се внесува податокот за бројот на пријавата за планирани количини на акцизни марки, податокот за бројот на одобрената гаранција за обезбедување на акцизен долг за акцизни марки и количината на акцизни марки која се подига.

Во извештајот за подигнати, искористени и вратени акцизни марки се наведени количините на искористени, оштетени, изгубени и неискористени акцизни марки. Извештајот за подигнати, искористени и вратени акцизни марки се поднесува во електронска форма преку компјутерскиот систем на Царинската управа.

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година, освен одредбата од член 5 став (3) од овој правилник која отпочнува да се применува од 1 декември 2019 година (пријавата за планирани количини на акцизни марки за обележување на несогорлив тутунски производ, тутун за водено луле, тутун за шмркање, тутун за џвакање и течност наменета за полнење на електронски цигари).

II. Врз основа на член 61 став (21) од Законот за акцизите* („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 108/19, 143/19 и 225/2019) министерот за финансии донесе

- П равилник за димензиите, формата и ознаките на акцизната марка, начинот на пријавување и подигнување на акцизните марки, содржината на извештаите за подигнати, искористени и вратени акцизни марки, начинот на враќање на неисправни, неискористени и оштетени акцизни марки, како и начинот на уништување на акцизните марки

Со овој Правилник се уредува дека акцизните марки со кои се обележуваат алкохолните пијалаци и меѓупроизводите кои се произведуваат или увезуваат на акцизното подрачје треба да имаат испечатени посебни ознаки и сериски број. Содржината на посебните ознаки е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.

За обележување на алкохолните пијалаци и меѓупроизводите се користат четири типа на акцизни марки Тип 1, Тип 2, Тип 3 и Тип 4. Формата и содржината на акцизните марки се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.

Пријавата за планирани количини на акцизни марки за обележување на алкохолните пијалаци и меѓупроизводите се поднесува од 1 до 10-ти во месецот за планирани количини за наредниот месец. Пријавата се поднесува во електронска форма преку користење на компјутерскиот систем на Царинската управа.

Барање за подигнување на акцизни марки се доставува во електронска форма со користење на компјутерскиот систем на Царинската управа. Во барањето се внесува податокот за бројот на пријавата за планирани количини на акцизни марки, податокот за бројот на одобрената гаранција за обезбедување на акцизен долг за акцизни марки и количината на акцизни марки која се подига.

Во извештајот за подигнати, искористени и вратени акцизни марки се наведени количините на искористени, оштетени, изгубени и неискористени акцизни марки. Извештајот за подигнати, искористени и вратени акцизни марки се поднесува во електронска форма преку компјутерскиот систем на Царинската управа.

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје