ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ („Службен весник на РСМ“ бр. 163 од 16.07.2021 година)



Со членот 1 на овој Закон, основот за одземање на работната дозвола поради подолготрајно отсуство на странецот од Република Северна Македонија во периодот на валидноста на работната дозвола е избришан. Со овој член исто така се овозможува зголемена мобилност на странските работници кои веќе имаат засновано работен однос во Република Северна Македонија од еден правен субјект во друг правен субјект на иста или повисока работна позиција доколку станува работа за ист работодавец. Со новите ставови (6) и (7) се допрецизира одговорноста на работодавачот кој не успеал да го заснова работниот однос или го прекинал работниот однос со странецот пред истекот на важноста на работната дозвола, за враќање работната дозвола на органот кој ја издал истата.

Со членот 2 се брише основот за донесување на подзаконски акт по однос на овој закон, и се врши рационализација со донесување на еден подзаконски акт кој е уреден со носењето на претходниот член.

Со членот 3 се зголемува опфатот на краткотрајни услуги кои се реализираат во период до 60 дена а за кои не е потребна работна дозвола со услуги за сервисирање и одржување на машини, средства или опрема, услуги за обука на работно место, како и за услуги кои врз основ на претходна искажана потреба од правниот субјект во Република Северна Македонија, Агенцијата не е во можност да ја обезбеди од домашниот пазар на труд .

Со членот 4 се доуредува прашањето  на пријавување и одјавување на работниот ангажман на странци по електронски пат, како и допрецизирање на подзаконските акти кои произлегуваат од овој закон.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје