ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 119 ОД 01.06.2021 ГОДИНА)



Врз основа на член 28 став (8) и член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 1 јуни 2021 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДЕНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА

Член 1

Во Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/20, 269/20, 275/20, 287/20, 292/20, 298/20, 304/20, 306/20, 317/20, 13/21, 45/21, 53/21, 55/21, 58/21, 64/21, 65/21, 75/21, 87/21, 94/21, 100/21, 106/21, 109/21, 113/21 и 116/21), во член 3 точката 14. се заменува со нова точка 14. која гласи:

„14. Се препорачува носење лична заштита на лицето во услови кога не може да се одржува дозволено минимално растојание од најмалку еден ипол до два метри од друго лице (групирање) при престојување или движење на јавни места и површини од отворен тип.“.

Точката 16. се брише.

Член 2

Во член 5 точката 3. се брише.

Точката 4. станува точка 3.

Член 3

Во член 6 ставовите 1 и 2 се менуваат и гласат:

„Секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија задолжително треба да носи лична заштита на лицето согласно член 5 став 1 точка 1. од оваа одлука при излегување надвор од својот дом (живеалиште и/или престојувалиште) и тоа при движење во затворени објекти, особено при движење на јавни места и површини од затворен тип (во установи од областа на образованието, во установи од областа на згрижување на деца, во установи од областа на културата, при возење во патничко моторно возило со лице/лица со кое/кои што не живее во заедничко домаќинство и други површини од затворен тип), на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, трговски центри, уплатно - исплатни места, молови, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Лицето од став 1 на овој член задолжително носи лична заштита на лицето во текот на престојот надвор од својот дом во затворени простории.“.

Член 4

Насловот пред член 12 и членот 12 се бришат.

Член 5

Во член 13 точката 2. се менува и гласи:

„2. Се забранува одржување на спортски настани, тренинзи и натпреварувања во спортски објекти од отворен и затворен тип со присуство на гледачи (публика), освен:
- организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на гледачи (публика), исклучиво по наменски одобрени протоколи и по претходно извршено PCR тестирање пред одигрување на натпреварот од страна на клубовите;

- спортски натпревари кои се одржуваат на отворено, со присуство на гледачи (публика) до максимум 30% исполнетост од вкупниот капацитет на спортскиот објект каде што ќе се одржуваат натпреварите, со задолжително почитување на растојанието помеѓу посетителите од 1,5-2 метри (на растојание од три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од COVID-19 и

- одржување на финалниот натпревар од Европската сребрена лига во одбојка, на 6 јуни 2021 година, со присуство на гледачи (публика), до максимум 30% исполнетост од капацитетот на спортскиот објект каде што ќе се одржува натпреварот - салата „Парк“ во Струмица, со задолжително почитување на растојанието помеѓу посетителите од 1,5-2 метри (на растојание од три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од COVID-19.“.

Во точка 10 во ставот 1 зборовите „почнувајќи од 19 мај 2021 година (среда) до 1 јуни 2021 година (вторник)“ се заменуваат со зборовите „почнувајќи од 1 јуни 2021 година (вторник) до 15 јуни 2021 година (вторник)“, по зборовите „од угостителскиот објект“ запирката се заменува со точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат.

По ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:

„Угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) можат да ја организираат работата како ресторани на отворено во отворениот дел од угостителскиот објект, односно на терасите, како и да организираат свадби со присуство на музичари, согласно соодветниот наменски протокол“.

Ставот 2 станува став 3.

Во точката 11 во ставот 1 зборовите „почнувајќи од 19 мај 2021 година (среда) до 1 јуни 2021 година (вторник), освен од 12 мај 2021 година (среда) до 13 мај 2021 година (четврток)“ се заменуваат со зборовите „почнувајќи од 1 јуни 2021 година (вторник) до 15 јуни 2021 година (вторник).“.

Член 6

Во член 15 по точката 77. се додава нова точка 78., која гласи:
„78. Протокол за организирање свадби/прослави и веселби - Прилог број 78.“.

Член 7

Прилогот број 1., Прилогот број 57., Прилогот број 58., Прилогот број 59. и Прилогот број 65. се заменуваат со нов Прилог број 1., Прилог број 57., Прилог број 58., Прилог број 59. и Прилог број 65. кои се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.

Член 8

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Прилог број 1

ПРОТОКОЛ
ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА СИТЕ РАБОТНИ МЕСТА

 

Универзалните мерки за спречување на пренесувањето на COVID-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работни места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, ги вклучуваат следниве мерки:

 

Хигиена на рацете

- Редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работната смена, особено по контакт со колеги или клиенти, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата.

- Треба да се постават станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспанзери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите вработени, договарачи, клиенти или купувачи и посетители, заедно со информативни материјали за промовирање на хигиена на рацете.

Респираторна хигиена

- Промовирајте респираторна хигиена од страна на сите луѓе на работното место. Осигурете дека на работното место има на располагање доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња за оние вработени на кои им тече носот или кашлаат на работа, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.

- На видно место истакнете промотивен материјал за носење заштитна маска на лицето како и упатство за нивна правилна употреба. Известете ги работниците доколку некој е болен дека не треба да доаѓа на работа. Ако некој член на персоналот или работник не се чувствува добро додека е на работа, обезбедете медицинска маска за да може безбедно да се врати дома.

Физичко дистанцирање

- Воведете мерки за одржување на растојание од најмалку 1 метар помеѓу луѓето и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки и контакти во насока на одржување на ред физичка дистанца (обележување ознаки на подот, прегради и сл.).

- Намалете ја густината на луѓето во зградата, односно физичкото растојание од најмалку 1 метар помеѓу работните позиции и во заедничкиот простор, како влезови/излези, лифтови, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени или посетители/клиенти.

- Намалете ја потребата за физички состаноци, односно да се користи опрема за телеконференции.

- Избегнувајте групирања со воведување на флексибилно работно време за вработените за да се намали собирањето на вработените во заедничките простори, како што се влезови или излези.

- Одложете или откажете ги настаните на работното место што вклучуваат близок и продолжен контакт меѓу учесниците, вклучително и социјални собири.

Намалување и организирање на патувања поврзани со работата

- Откажете или одложете ги патувањата во региони каде има трансмисија и зголемен број на лица со COVID-19 во заедницата, а кои не се неопходни, обезбедете дезифициенси за раце за работниците кои мора да патуваат, советувајте ги работниците да се придржуваат на инструкциите во местата каде што патуваат, и дадете им информации со кого да контактираат ако не се чувствуваат добро за време на патувањето.

- Работниците кои се враќаат од области каде што постои трансмисија на COVID-19 треба самите да ја следат својата здравствена состојба и можна појава на симптоми во тек на 14 дена и да ја мерат телесната температура два пати на ден, ако не се чувствуваат добро, треба да останат дома, да се самоизолираат и веднаш да стапат во контакт со својот матичен лекар и епидемиолог.

Редовно чистење и дезинфекција на работната средина

- Редовно чистење со користење на сапун или неутрален детергент со вода, како и механичко чистење (четкање, стружење) со цел отстранување на нечистотиите, остатоците и другите материјали од површините. По завршувањето на процесот на чистење, се врши дезинфекција за да се деактивираат (т.е. убијат) патогените и другите микроорганизми на површините.

- Површините што често се допираат треба да се утврдат како приоритет за дезинфекција (делови што често се користат, рачки на врати и прозорци, прекинувачи за светла, кујната и површини каде се подготвува храна, површини во бањи, тоалети и славини, екрани на допир на лични уреди, тастатури на персонални компјутери и работни површини).

- Растворите за дезинфекција секогаш мора да се подготвуваат и користат според упатствата на производителот, вклучително и упатствата за заштита на безбедноста и здравјето на работниците кои вршат дезинфекција, со употреба на лична заштитна опрема и избегнување на мешање на различни хемиски средства за дезинфекција.

- За работните места на затворено, генерално не се препорачува рутинска примена на средства за дезинфекција на површините во средината со распрскување или замаглување, бидејќи е неефикасна во отстранување на загадувачи надвор од директните зони на прскање и може да предизвика иритација на очите, респираторните органи и кожата и други токсични ефекти.

- За работните места на отворено, во моментов нема доволно докази за поддршка на препораките за прскање или фумигација од голем обем.

- Прскање на лица со средства за дезинфекција (како на пр. во тунел, затворен простор или комора) не се препорачува во никакви околности.

Комуникација, обука и едукација за ризици

- Обезбедете промотивни материјали: постери, видеа и електронски табли за прикажување на пораки за зголемување на свеста за COVID-19 кај работниците и промовирање на безбедни индивидуални пракси на работното место.

- Редовно информирајте ја епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје при појава на ризикот од COVID-19.

Управување со лица со COVID-19 или нивни контакти

- Работниците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на COVID-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за COVID-19 за совети.

- Сите работници сами да го следат своето здравје и редовно да ја мерат телесната температура.

- Мерењето на температурата на работното место треба да се разгледа како опција само во контекст на комбинација на мерки за превенција и контрола на COVID-19 на работното место и заедно со комуникација за ризикот.

- Треба да се почитуваат стандардни оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи на работното место, а постојат сомневања дека има COVID-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција.

- Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог и да се води евиденција за присуство на состаноци за да се олесни следењето на контактите.

- Луѓето кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден COVID-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.


Прилог број 57

ПРОТОКОЛ
ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА КАФЕТЕРИИ

 

1. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.

2. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат и се дозволува работа само на отворените делови - терасите од кафетериите кои се најмалку од една страна отворени, со кровна конструкција.

3. Дозволено е послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси само во отворениот дел од кафетериите, односно на терасите.

4. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.

5. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци.

6. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.

7. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалаци.

8. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости.

9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

11. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

12. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.

13. Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи).

14. Максимален број на лица на една маса се ограничува на 6 лица.

15. Се ограничува максималното ниво на бучава во кафетерии на 55 децибели.

Прилог број 58

ПРОТОКОЛ
ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА ИСХРАНА

 

1. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.

2. Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки и се дозволува работа само на отворените делови - терасите од угостителските објекти кои се најмалку од една страна отворени со кровна конструкција.

3. Дозволено е послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси само во отворениот дел од угостителскиот објект, односно на терасите.

4. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.

5. Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци.

6. Максимален број на лица на една маса се ограничува на 6 лица.

7. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.

8. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.

9. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.

10. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

11. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

12. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.

13. Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи).

14. Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели.

* * *
Угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) можат да ја организираат работата како ресторани на отворено во отворениот дел од угостителскиот објект, односно на терасите, како и да организираат свадби со присуство на музичари, согласно соодветниот наменски Протокол.

Прилог број 59

ПРОТОКОЛ
ЗА РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ (ХОТЕЛИ, МОТЕЛИ, ХОСТЕЛИ, ПАНСИОНИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ)

1. Процедури за угостителски објекти за сместување

Прием и сместување

- Поставена дезинфекциона бариера за обувки пред влезна врата, како и пулт за дезинфекција на раце во холот.

- Во холот при влезот треба да биде истакната Табла за добредојде со поздрав и разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот во објектот (носење лична заштита на лицето - маска и дезинфекција на раце).

- Задолжително носењето на лична заштита на лицето - маска за гостите и вработените лица во објектот.

- На рецепцијата во угостителските објекти за сместување, каде што пултот не е доволно широк да обезбеди потребно растојание (1,5 до 2 метри), во делот каде работи рецепционерот, да биде поставена монтажна преграда (шалтер) изработен од проѕирна пластика или стакло која во долниот дел има отворен простор само за манипулирање со клуч и документи.

- Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење на визир од страна на рецепционерот.

- Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број којшто, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби и којшто овозможува достапно меѓусебно растојание, а за тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот.

- Да се советуваат гостите за потреба од пријавување на терминот за одјавување од објектот (check out) со цел навремена подготовка на потребната документација во насока на намалување на времето за задржување пред рецепцијата.

- Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости, на пр. играчки, списанија.

- Гостинот заедно со клучот добива флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот.

- Давателот на услуги нуди единечни или двојни соби со прилагодувања, а во сместувачките капацитети со повеќе кревети може да се сместуваат гости од исто семејство.

- Текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел и креветот се отстрануваат (перници, ленти, украсни прекривки...)

- Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете.

- Секојдневно одржувањето на хигиената на јавните простории и собите со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

- Персоналот во угостителските објекти за сместување мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број раце (на пр. ограда на скали, прекинувачи, рачки, куки, копчиња во лифт, кваки, врати).

- Просториите треба редовно да се проветруваат.

- Фрекфенцијата на чистење на сместувачките капацитети ќе се усогласат со постоечките стандарди, со дополнително информирање на гостите дека чистење на собите и промена на постелнините и крпите може да се прилагодат на потребите на гостите (на пр. да се чисти собата или да се менува постелнината само при доаѓање/одење на гостите итн.)

- Чистење на санитарните јазли и горните површини во собите се чистат со употреба на соодветно средство и со особено внимание кога се менуваат гостите во собата. Користената постелнина и крпите мора да се собираат во затворени кеси одвоено од чистата постелнина (чистата постелнина не смее да дојде во контакт со нечистата).

- При чистење на повеќе сместувачки капацитети, мора да се води грижа да не се пренесе вирусот од еден сместувачки капацитет на друг преку заразена облека или заштитната опрема на персоналот. Се препорачува да се приспособат постапките на чистење така што би се спречило такво пренесување (на пр. употреба на заштитна облека/скутници за една употреба, промена на заштитната облека секој пат, итн.)

- Плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.

2. Процедури во угостителскиот дел за исхрана - ресторант

- Служењето храна на шведска маса е дозволено.

- Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат лична заштита на лицето - маска и зачестено одржуваат хигиена на раце.

- Дозволено е послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси само на отворениот дел од угостителскиот објект, односно на терасите.

- Дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување на истиот.

- Масите да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи истите да се менуваат и перат после секој послужен гостин.

- Масите да не се претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса - доколку не, гостите ќе можат да го користат средството за дезинфекција кое ќе биде поставено на влезот од ресторанот според препораките на Светската здравствена организација).

- Каранфинглата и приборот кој претходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка.

- Келнерот е должен да води максимална грижа за својата лична хигиена со заштита на лицето - маска, ги послужува гостите со внимавање на растојанието, но поради тоа што келнерот не може да служи храна и пијалак од 2 метри растојание, тој треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување. После послужувањето, келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите.

- Сите апарати за точење на пијалаци (вода, чај, кафе, сок и сл.) да се отстранат од употреба и пијалаците да се послужуваат по желба на гостите.

- Се забранува користењето на заеднички отворени садови при сервирање на зачини, сосови, масла, сол, шеќер, чаеви и слично, кои се споделуваат на повеќе од една маса.

- По завршување на оброците, искористениот прибор се отстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната, согласно вообичаена процедура која ја налагаат ХАСАП/ХАЛАЛ стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалак и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира.

- Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5 до 2 метри.

- Максимален број на лица на една маса се ограничува на 6 лица.

- Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.

- Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.

- На крајот на смената, задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

- Редовно одржување на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

- Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

- Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи).

- Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителскиот дел за исхрана - ресторант на угостителски објекти за сместување, на 55 децибели.

3. Употребата на санитарни јазли

- Да се постави известување на влезната врата од санитарните јазли за задолжителна дезинфекција на рацете пред и после употреба.

- Да се инсталира средство за дезинфекција пред влезната врата на санитарните јазли.

- Да се обезбеди непречен проток, без застој на чекање во внатрешни тесни холови и потребното физичко растојание, со поставување ознаки, со цел да се намали ризикот од голем број на лица во санитарните јазли во исто време.

- Задолжително е носење лична заштита на лицето - маска при користење на заедничките санитарни јазли,

- Санитарните јазли задолжително се опремени со течен сапун, топла вода, корпа за отпадоци со капак на ножна педала и хартиени бришачи за раце за еднократна употреба, како и диспанзер со средства за дезинфекција за раце, на база на 70% алкохол или препорачано вируцидно средство за дезинфекција. Чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, неколку пати во текот на денот (најмалку на секој час) со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини;

- чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, неколку пати во текот на денот (најмалку на секој час) со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

- корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластични кеси, за собирање на отпадоци од користени маски и ракавици, видно означени и поставени на повеќе места во внатрешноста и на терасите, за отстранување на користени маски, ракавици и сл.

4. Општи препораки за гости

- Доследно почитување на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање за услуги.

- Треба да се ограничат големи собири, со доследно почитување на соодветно меѓусебно растојание.

- Внатре во угостителскиот објект за сместување, покрај одржувањето на соодветно меѓусебно растојание за време на епидемија, употребата на лична заштита на лицето - маска за лице или други облици на заштита што ги покриваат устата и носот (шал, крпа или слични облици на заштита) е исто така задолжително.

- Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.

5. Препораки за постапување при појава на случај со симптоми на COVID-19

- Доколку вработен заболи од акутна респираторна инфекција, останува дома и се јавува на матичниот лекар.

Го известува својот претпоставен за својата здравствена состојба. Доколку е позитивен на COVID-19, го известува претпоставениот кој пак веднаш го известува регионалниот центар за јавно здравје за појавата на COVID-19 меѓу вработените.

Епидемиолошката служба што ќе го добие извештајот за потврден случај отпочнува со епидемиолошка истрага, идентификува блиски контакти на работното место и предлага мерки за нив.

Доколку вработениот бил во контакт со лице коешто покажало знаци на акутна респираторна инфекција, треба да ја следи својата здравствена состојба 14 дена и доколку развие симптоми се јавува на матичниот лекар и го известува претпоставениот.

- Доколку гостин заболи со треска или знаци на акутна респираторна инфекција, давателот на услуги треба да се јави во дежурната служба на најблискиот здравствен дом. Гостинот треба да чека во изолација и треба да носи лична заштита на лицето - маска. Да употребува само одредени тоалети и мијалници. Епидемиолошката служба што ќе го добие извештајот за потврден случај спроведува епидемиолошка истрага, идентификува блиски контакти и предлага мерки за нив.

Просториите каде што се движел заболениот гостин од COVID-19 темелно се чистат и дезинфицираат. Исто така, просториите темелно се проветруваат.

Прилог број 65

ОПШТ ПРОТОКОЛ
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА CO COVID-19

1. Општи упатства

Овој протокол е составен со цел спречување на ширење на корона вирусот помеѓу спортисти, спортски работници, службени лица и сите останати лица вклучени во одигрување и организација на натпреварите.

Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот COVID-19. Мерките и упатствата за организација на натпреварите предвидени со овој протокол должни се да ги применуваат организаторите на натпревари на групни спортови. Секој учесник во натпреварувањето, пред почеток на натпреварувањето е должен да потпише изјава со која ги прифаќа мерките одредени со овој протокол. Во однос на превозот на спортистите да се користат автобуси/комбиња со задолжително почитување на протоколите за вршење на превоз на патници особено во однос на дозволениот број на патници и задолжително носење на заштитни маски при патувањето.

При доаѓање во спортскиот објект, сите играчи и службени лица задолжително да носат заштитна маска.

Сите лица кои се присутни на натпреварот во спортски објекти од затворен тип се должни за времетраење на натпреварот задолжително да носат заштитна маска, освен играчите на терен.

Забрането е меѓусебно ракување во ограничениот простор како и на терен пред почеток и по завршување на натпреварот помеѓу играчите и судиите.

Доколку се користат реквизити за бришење на паркетот истите да се дезинфицираат по секоја употреба од страна на персоналот.

Излезот за играчите и службените лица, тунелот за излегување на терен мораат да бидат без деца, маскоти или било кој друг од персоналот, по можност да се користат одвоени излези/влезови, со цел задржување на препорачаното физичко растојание помеѓу сите играчи и службени лица.

Зачестена дезинфекција на рацете на персоналот во спортските објекти кој е задолжен за одржување на хигиената во објект во текот на натпреварот.

На клупата за резервни играчи да се одржува препорачаното физичко растојание, со задолжително носење на заштитни маски.

Одржување на физичкото растојание помеѓу присутните од 1,5-2,0 метри и избегнување на секаков друг вид на дополнителни социјални активности.

Апарати за дезинфициенси за раце задолжително да бидат поставени на повеќе места, при влезот во објектот, во тунелите како и околу теренот.

Спортските објекти од отворен тип во кои се одржуваат натпревари со присуство на гледачи (публика) може да бидат исполнети до максимум 30% од вкупниот капацитет на спортскиот објект, со задолжително почитување на растојанието помеѓу посетителите (растојание од три седишта).

Мерење на телесна температура со безконтактен топломер пред влез во објектот на лицата кај е дозволено присуство на натпреварот. За лицата кај кои ќе се утврди покачена телесна температура над 37.2 (и по второ мерење), како и на лицата кои ќе одбијат мерење на температура забранет е влез во спортскиот објект.

Забранета е употребата на соблекувалните за цело време пред, во тек и по натпреварот.

Сите играчи треба да ја напуштат салата/теренот/објектот што е можно побрзо по завршување на натпреварот. Треба да има временски простор помеѓу заминувањето на двата тимови.

Прес конференции ќе се одржуваат само виртуелно, додека пак собата за прес и mixed зоната ќе да бидат затворени.

Контрола на спроведување на овој протокол врши делегатот на натпреварот. Организаторот на натпреварот (клубот домаќин) е ДОЛЖЕН да достави список на сите присутни лица на натпреварот до делегатот на натпреварот.

Медицинскиот персонал на секој клуб соодветно кон претходните препораки е должен да води евиденција и да ја прати здравствената состојба на своите играчи и стручен штаб непосредно пред натпревар.

Спортските клубови се обврзани да ја следат здравствената состојба на играчите и тренерите пред почетокот на секој натпревар преку мерење на телесна температура и доколку се утврди телесна температура повисока од 37,2 степени и по второто мерење, не се дозволува учество во натпреварот, како и на лица со респираторни симптоми кои задолжително се изолираат.

2. Категорија на лица на кои им е дозволено присуство на натпревар

На натпреварите можат да бидат присутни лица кои припаѓаат на следните категории: играчи, стручен штаб, судии, пом.судии, статистичари, делегат и контролор на судење, бришачи на паркет, медицински персонал, технички персонал за одржување на објектот и хигиената, редарска служба, претставници на менаџмент на клубовите, новинари, фотографи, камермани, претставници на анти допинг агенција, претставници/делегат на соодветна спортска федерација, ТВ оператори, пожарникари, припадници на Министерството за внатрешни работи и публика во спортски објекти од отворен тип .

Бројот на лицата во сите зони потребно е да се сведе на апсолутен минимум кој е неопходен за непречена организација на натпреварот со почитување на физичкото растојание од 1.5-2.0 метри. Во случај на проценка дека во некоја од зоните е присутен поголем број на лица делегатот на натпреварот е овластен да изврши прераспределба на лица, додека клубот домаќин сноси последици во согласност со Пропозициите за натпреварување, Правилник за натпреварување и Дисциплински правилник на соодветна федерација кој се однесува на слаба организација на натпреварот.

2 а. Зони во спортските објекти

Просторот на спортскиот објект е поделен во 3 зони:

Зона 1 - терен и околу теренот, тунел за излегување на терен, соблекувални, ходници, амбуланта и останати простории кои непосредно ги користат играчите и службените лица.

Зона 2 - трибини, простор за медии, контролни соби и станици и останатите внатрешни простории во спортскиот објект.

Зона 3 - надворешност на спортскиот објект, паркинг за службени лица и екипи, простор за репортажна кола и др.

Секоја од трите наведени зони претставуваат физичка одвоена целина и сите се одделени една од друга.

2 б. Распоред на лицата по зони

 

ЗОНА 1

ЗОНА 2

ЗОНА З

Играчи на двата тима

Менaџмент на двата тима

Редарска служба

Стручен штаб на двата тима

Акредитирани новинари

Тим со возило на Итна медицинска помош

Судии Контролор на судење

Собирачи на податоци

Репортажна кола

Делегат и Комесар

Камермани
ТВ оператори

Министерството зa внатрешни работи

Помошни судии

Редарска служба - редари

Против пожарна единица

Статистичари

Претставници на КФСМ

 

Бришачи на паркет

Технички персонал

 

Медицински тим на клубовите

Министерството зa внатрешни работи

 

Камермани
ТВ оператори

Публика до максимум 30% исполнетост од вкупниот капацитет на спортскиот објект од отворен тип

 

Анти допинг

   

Акредитирани фотографи

   

Технички персонал

   

Редарска служба

   

Министерството зa внатрешни работи

   

 

Сите останати површини вон спортскиот објект се сметаат за јавни површини за кои се одговорни претставниците на Министерството зa внатрешни работи.

3. Постапување со член на клубот со позитивен ПЦР тест или брз антигенски тест на SARS-CoV-2

При појава на позитивен резултат кај член на спортскиот клуб, менаџментот на спортскиот клуб е должен позитивното лице ВЕДНАШ да го отстрани и изолира од учество во сите спортски активности. Менаџментот на спортскиот клуб е должен за случајот ВЕДНАШ да ја извести епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје и до истата да достави список на сите членови на спортскиот клуб .

Епидемиолошката служба на регионалниот центар за јавно здравје прави проценка на ризик и дава мислење за самоизолација на членовите од клубот за што го известува спортскиот клуб. Врз основа на проценката на ризик секој од лицата ставени во самоизолација добиваат решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Доколку пред почетокот на натпреварот во тек или на крајот на натпреварот, се до напуштање на просториите на спортскиот објект се појави било кој симптом на било кој член на екипата (играчи, стручен штаб, членови на управа и др.), кој укажува на C0VID-19 лицето веднаш се упатува до најблиското инфективно одделение по претходна телефонска најава.

Обврска на делегатот на натпреварот е да ги евидентира во својот извештај податоците за лицето со пројавени симптоми.

Доколку се потврди присуство на вирус C0VID-19 кај евидентираниот член на екипата, другите членови на екипата се должни да ги почитуваат мерките од направената проценка на ризик од страна на епидемилошката служба.

4. Упатства за подготовка на просториите и реквизитите

На сите официјални и неофицијални натпревари неопходно е: Засилени хигиенски мерки во просториите на спортските објекти со често перење и дезинфекцирање на опремата, мебелот и приборот за работење пред почетокот на натпреварот од страна на организаторот домаќин на натпреварот. Клубот домаќин е должен да изврши дезинфекција на сите внатрешни простории во зоната 1 и 2, како и клупата за резервни играчи, еден час пред почеток на натпреварот, како и непосредно по завршување на истиот.

Во сите затворени простории вратите да се држат што повеќе отворени, да се избегнува фаќање на бравите и да се постават средства за дезинфекција на рацете во секоја од просториите.

Препораки за сите здравствено превентивни мерки треба да бидат истакнати во сите делови на спортскиот објект.

Да се постават на повеќе места корпи за отпадоци обложени од внатрешна страна со кеса кои ќе бидат видно означени, за отстранување на заштитни маски, употребената пластична и друга амбалажа, хартиени марамчиња и брисачи, употребени бандажи и сл. Содржината во затворена кесата се одлага како комунален отпад.

- Да се постават корпи за отпадоци обложени со кеса, отстранување на употребена спортска опрема и пешкири, кесата се затвора и потоа кесата се носи надвор од спортскиот објект.

5. Овој протокол се однесува за организација за натпревари и за тренинг натпревари.

6. Co овој протокол престанува да важи делот кој се однесува на организација на натпревари од поединечните протоколи за организација на работата на клубовите на спортските федерации и сите спортски федерации се должни ВЕДНАШ да ги корегираат своите наменски протоколи, преку нивните органи на управување, односно одредбите од овој протокол да ги имплементираат во своите соодветни протоколи.

Прилог број 78

ПРОТОКОЛ
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ СВАДБИ/ПРОСЛАВИ И ВЕСЕЛБИ

1. Организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект/тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни.

2. На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.

3. Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар.

4. Организаторот е должен да ги извести гостите дека доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура, ќе бидат вратени и советувани да се пријават кај својот матичен лекар.

5. Доколку на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата има поставено прегради/ѕидови направени од плексиглас, пластика или стакло, потребно е да се отстранат или отворат така што просторот на терасата да остане од трите страни отворен.

6. Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.

7. Угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

8. Задолжително е при влегувањето на гостите истите да бидат спроведени од страна на одговорно лице од угостителскиот објект .

9. Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице - гостин на прославата.

10. Во случај на доаѓање на лица не евидентирани во листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости.

11. Организаторот на прославата има за обврска сите гости да ги запознае со препораките, условите и начините под кои се одржува свадбата.

12. Задолжително е почитување на општите превентивни мерки и препораки при пречек на гости и за цело времетраење на свадбата (забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите).

13. Само при организирање на свадби дозволено е ангажирање на музичари односно естрадни уметници кои се лиценцирани.

14. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење и пеење помеѓу гостите.

15. Јачината на музиката не треба да ја надминува пропишаната граница на јачина во угостителски објект.

16. Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4 м2 по лице при што е потребно да се почитува препорачаната дистанца.

17. На гостите им е дозволено да влезат во затворениот/внатрешниот дел од објектот при потреба да користат тоалет.

18. При престој на гостин во затворениот/внатрешниот дел на објектот задолжително е носење заштитна маска за што мора да бидат поставени јасни известувања во објектот.

19. Вработените во угостителскиот објект задолжително носат заштитни маски преку устата и носот и зачестено одржуваат хигиена и дезинфекција на раце .

20. Дозволен е максимален број од 6 лица на една маса со задолжително почитување на пропишаното растојание помеѓу секој гостин и растојание помеѓу масите.

21. He е дозволено послужување на гости на маси за стоење и на шанк.

22. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.

23. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.

24. По завршување на прославата, задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

25. Редовно одржување на хигиената во тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на препорачаните антивирусни дезинфекциони средства.

 


Контакт лице: Служба за информирање при Комората
Телефон: ++ 389 2 3244000
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ic@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје