Проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција 16.03.2023
👁 Прочитано: 38


Назив на проектот: Проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција – Private Sector Regional Integration Support Activity

Времетраење на Проектот: од 30.6.2022 до 29.6.2025

Координатор и спроведувач на Проектот: Стопанска комора на Северна Македонија

Донатор: Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД)

За зајакнување на извозните капацитети и на конкурентноста на извозно ориентираните компании, потребна е поддршка која ќе се обезбеди преку: интензивирање на регионалната деловна соработка и преку олеснување на трговските пречки, со цел искористување на можностите за македонската бизнис-заедница од заедничкиот регионален пазар и интернационализација на македонскиот бизнис-сектор. Основната цел на Проектот е да придонесе за зајакнување на конкурентноста на економијата на Северна Македонија, овозможувајќи им на локалните компании полесно да се поврзат во регионалните трговски текови, како и за зајакнување на нивните капацитети за справување со конкурентскиот притисок и со пазарните сили во регионот и во ЕУ. 

Проектот се состои од две главни цели: 

1. Цел: подобрување на регионалната и на меѓународната деловна соработка на македонските компании со пазарите на Западен Балкан и на ЕУ

За остварување на првата цел дефинирани се две активности:  

  • поттикнување на регионалната бизнис-соработка и на инвестициите;
  • креирање алатки за јавно-приватен дијалог и промовирање на придобивките од регионалната економска соработка за македонската бизнис-заедница.

2. Цел: зголемување на конкурентноста на извозно ориентираните компании и интеграција во регионалните и во глобалните синџири на вредности

За остварување на втората цел дефинирани се четири активности: 

  • изработка на пазарна анализа за идентификување на извозните потенцијали на македонската економија; 
  • поддршка за македонските компании за интернационализација и за интеграција во регионалните и во глобалните синџири на снабдување; 
  • извозна промоција и видливост на македонските компании;
  • формирање Институт за извоз и градење капацитети на Комората за развој на нови услуги за поддршка на извозните компании.

Контакт лице: Билјана Пеева-Ѓуриќ
Оперативен директор за претставување на членките и вмрежување
Телефон: ++ 389 2 3244034, M. 072 236 710
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: biljana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015