Со одлука на Здружението на банкарство од седницата одржана на 18.12.2013 година формирана е Комисијата за документарно работење во рамките на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
Комисијата за документарно работење се состои од претставници на сите банки членки на Здружението на банкарство. Комисијата има претседателство на чело со претседател и заменик претседател. Претседателството има осум члена.
Комисијата во рамките на своите надлежности ги врши следните работи:
- континуирано ја следи примената на прописите од областа на банкарското и акредитивното и гаранциско работење,
- работи на подобрување на целокупното работење на банките и штедилниците во областа на дефинирање стандарди и промени на регулативната рамка на меѓународните инструменти за платен промет, согласно светските трговски текови.
- соработува со надлежни институции во РМ од областа на банкарското работење, (како што се НБРМ, Министерства итн),
- донесува заклучоци, препораки, изготвува предлог-измени на законски и подзаконски акти, дава иницијативи за подобрување на целокупното работење на банките од областа на инструментите на платен промет со странство,
- го известува Здружението за банкарство за преземените активности од својот делокруг и дава иницијативи и предлози итн.
Претседател на Комисија за документарно раборење е Славко Танковски од ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје и заменик претседател е Марија Трпеска Јанеска од ТТК БАНКА АД Скопје.