Семинар 23.11.2023 ВИДОВИ НА ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ, ИСПРАЌАЊЕ НА РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО, ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА КАЈ РАБОТОДАВАЧОТ (ПРИМАРНА И СУДСКА ЗАШТИТА), ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ, РАБОТНО ВРЕМЕ

Стопанска комора на С.Македонија



Во организација Стопанската комора на Северна Македонија, a за потребите на бизнис заедницата, на 23 ноември 2023 година ќе се организира еднодневен  „он-лајн“ семинар на тема: ВИДОВИ НА ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ, ИСПРАЌАЊЕ НА РАБОТНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО, ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА КАЈ РАБОТОДАВАЧОТ (ПРИМАРНА И СУДСКА ЗАШТИТА), ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ, РАБОТНО ВРЕМЕ.

Организираност и придобивки од семинарот:

Овој еднодневен семинар е организиран по принцип на тренинг-обука, со цел  учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните односи, поконкретно за видовите на договори за вработување по основ на времетраење, сезонска работа, волонтирање/практикантство, менаџерски договори, работа од дома, видови на работни дозволи за странци со преглед на постапката и потребната документација, уреденост на постапката за испраќање на работници од Македонија во странство, остварување на правата кај работодавачот (примарна и судска заштита), отказ од страна на работникот при прекршување на правата од работен однос од страна на работодавачот, работно време (полно и скратено, прекувремена работа, прераспределба на работата).

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и правни практичари кои работат во областа на трудовото законодавство, менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во правните сектори и секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го усовршат и надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните спорови, низ призма на искуството на правни практичари.

ПРОГРАМА:

Прв дел:

-    Видови на договори за вработување во нашето законодавство согласно ЗРО;
-    Договор на определено и неопределено време, договор за пробна работа, договор за сезонска работа;
-    Договор за работа од дома,
-    Менаџерски договор според ЗРО и Закон за трговски друштва;
-    Договор за дело;
-    Договор за практикантска работа и постапка за ангажирање на практиканти;
-    Договор за волонтерска работа;
-    Видови на дозволи за работа и престој во Северна Македонија за странци, постапка за добивање и продолжување на работна дозвола, потребна документација.
-    Упатување на вработени во Македонски компании во странство;

Втор дел:

-    Остварување на правата кај работодавачот согласно член 181 од ЗРО;
-    Интерни акти за усогласување со други закони;
-    Прекршочни постапки и глоби зa прекршување на правата од работен однос;
-    Отказ од страна на работникот при прекршување на правата од работен однос од страна на работодавачот;
-    Полно и скратено работно време;
-    Правни основи за воведување на прекувремена работа;
-    Распоредување и прераспределба на работното време;
-    Работа во смени;
-    Ноќна работа и ограничувања;
-    Ноќна работа на жените во индустријата и градежништвото.

Предавачи:

-    М-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.
-    М-р Кристина Томашевска – Блажевска, aдвокат, вработена во Адвокатска канцеларија Адвокат Драган Лазаров, магистер по граѓанско право со повеќегодишно искуство од областа на деловно право, инвестиции, заштита на лични податоци, трудово право и работни односи, застапување во граѓански судски постапки, управни постапки и управни спорови.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-    Учеството на семинарот е преку платформата webex cisko за што ден пред реалзација ќе добиете линк за приклучување. 
-    Електронски ќе ви биде доставен сертификат и работни материјали.

Последен рок за пријавување е 20.11.2023 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.12.2023
ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ ЗЛОУПОТРЕБИ - ПРЕВЕНЦИЈА И ОТКРИВАЊЕ - 
Семинар, 06.12.2023
БЕЗБЕДНА РАБОТА НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ –
Семинар, 12.12.2023
МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА: СТРАТЕГИИ И АЛАТКИ ЗА МЕРЕЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ ВО ФИНАНСИСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 12.12.2023
Практичен курс за MS EXCEL (ОСНОВНО НИВО) - КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2023
Практичен курс - водич за успешна продажба преку социјалните мрежи INSTAGRAM – КАКО АЛАТКА ЗА ПРОДАЖБА
Тренинг обука, 14.12.2023
ЧЕТИРИДНЕВНА ОНЛАЈН ОБУКА НА ТЕМА:САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Семинар, 14.12.2023
ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА, ПОСТАПКА ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ, КАКО И ИЗМЕНИ ВО НАЦИОНАЛНОТО ЗАКОНОДАВСТВО ВО ОДНОС НА ПОСТАПКАТА ЗА НИВНО ОДОБРУВАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ
Конференција, 15.12.2023
Конференција и панел дискусија на тема: „Бизнис со цел“ - Како да ги водиш вработените во предизвикувачки времиња -Нови концепти на менаџмент-
Семинар, 20.12.2023
ОЗНАЧУВАЊЕ НА ХРАНАТА
Семинар, 20.12.2023
ДЕЛОВНА СТАТИСТИКА СО НАПРЕДЕН EXCEL
Семинар, 21.12.2023
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ВО ПИСАРНИЦАТА ЗА НАРЕДНА ГОДИНА, ПОДГОТОВКА И СОБИРАЊЕ НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НИВНО СКЛАДИРАЊЕ, СРЕДУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ ВО АРХИВА
Семинар, 22.12.2023
ЕДЕН ДЕН- ДВЕ ВЕШТИНИ:EXCEL И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА