Конференција 21.09.2023 - 22.09.2023 Б2Б средби меѓу македонските и чешките компании од сектор за енергетика, автомобилска индустрија, агрибизнис, винска индустрија и градежниот сектор”, 21-22 септември, Прага, Република Чешка

Прага, Чешка



П О К А Н А

ДВОДНЕВНА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА

„Инвестициски можности и WBIF грант процес, вмрежување и Б2Б средби меѓу македонските и чешките компании од сектор за енергетика, автомобилска индустрија, агрибизнис, винска индустрија и градежниот сектор

21-22 септември 2023 година, Прага, Република Чешка

 

Почитувани,

Во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија (Invest North Macedonia) и во соработка и партнерство со Македонската трговска асоцијација во Република Чешка, CMAC – (Czech Macedonian Association of Commerce, се покануват компаниите да земат учество на дводневната бизнис конференција на тема Инвестициски можности и WBIF грант процес, вмрежување и Б2Б средби меѓу македонските и чешките компании од сектор за енергетика, автомобилска индустрија, агрибизнис, винска индустрија и градежниот сектор”, која ќе се одржи на 21-22 септември во Прага, Република Чешка.

Целта е да се поттикне економската соработка меѓу двете земји и да се зголеми можноста за нови партнерства меѓу македонските и чешките компании.

ЗОШТО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ И ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД БИЗНИС - КОНФЕРЕНЦИЈАТА?

КОИ СЕ КЛУЧНИТЕ АСПЕКТИ НА ДВОДНЕВНИОТ БИЗНИС НАСТАН?

  1. Експертски презентации: Еминентни говорници и експерти од Северна Македонија и Чешка ќе го претстават огромниот инвестициски потенцијал и компаративните предности на нашата земја во однос на другите земји во регионот со посебен акцент на секторите со значителни изгледи за раст и развој, споделување на заеднички искуства во процесот на привлекување на инвестиции и јакнење на економските односи меѓу двете земји.
  2. Б2Б вмрежување: Конференцијата ќе обезбеди многу можности за вмрежување, овозможувајќи им на учесниците да се сретнат и да комуницираат со потенцијални деловни партнери и инвеститори од конретната индустрија.
  3. Matchmaking сесии: Ќе се организираат однапред договорени Б2Б состаноци за олеснување на деловните интеракции врз основа на интересите и целите на претставниците на компаниите – учесници на конференцијата.
  4. Панел дискусии: Организацијата на панел дискусиите има за цел да поттикне дијалог за прекуграничните деловни предизвици, можности и начини за надминување на бариерите во билатералната трговија и инвестиции.

Цврсто веруваме дека оваа конференција ќе биде идеална платформа за Вашата компанија да пронајде нови патишта за развој на бизнисот и да ги зајакне врските со компаниите од Република Чешка и регионот.

Во прилог на маилот е официјалната покана за учество на бизнис конференцијата.

Ве молиме потврдете го Вашето присуство и учество што е можно поскоро за да ни овозможите доволно време да организираме состаноци приспособени на вашите потреби.

Сите Ваши посебни барања или прашања може да ги пратите на емаил до: fatime.koka@invest.gov.mk или на тел. бр. 070 406 465

Бидете дел од овој престижен настан и најдете го својот потенцијален бизнис партнер!

 

 

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Тренинг обука, 03.10.2023
SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ
Семинар, 04.10.2023
ИТ КАТАСТРОФИ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Управување со кризни ситуации – дефинирање, изработка на план за континуитет во бизнисот, тестирање и опоравување -
Семинар, 09.10.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Форум, 12.10.2023
Македонско-австриски бизнис-средби во Стопанската комора на Северна Македонија
Семинар, 17.10.2023
ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ ОДЛУКИ ВО МАРКЕТИНГОТ:  ОБУКА ЗА АНАЛИТИКА ЗА УСПЕХ 
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија