Стресот и анксиозноста се неизбежени психолошки појави во работната средина. Добрата вест е дека стресот не е она што ни се случува, туку нашата реакција на она што ни се случува. Ова значи дека стресот и анксиозноста може да се превенираат, препознаат и контролираат.
Доколку менаџментот и вработените се под постојан стрес или анксиозност, тоа може да биде еден од главните фактори за неуспех на одредена фирма, како и директен фактор за проблеми со менталното здравје кај секој еден чинител на организацијата.
Стресот и анксиозноста имаат директно негативното влијание врз продуктивноста и ефикасноста на тимот. Затоа од големо значење е компаниите да ги препознаваат штетните ефекти на стресот врз сите свои членови, да ги негуваат меѓучовечките односи во тимот и правилно да управуваат со стресот во организацијата.
Треба да знаеме да препознаеме што влијае на појавата на стресот, како и да научиме како да се фокусираме на негово надминување на вистински начин и навремено. Оваа обука ги нуди знаењата, вештините, техниките и алатките потребни за ефективно превенирање, препознавање и менаџирање на стресот и анксиозноста..
Семинарот е наменет и за менаџментот и за сите вработени, а акцентот е ставен на стресните фактори специфични за организацијата.
Содржина на обуката:
1. Вовед во стрес
- Дефинирање на стресот;
- Причини за појава на стрес;
- Видови стресови;
- Психолошки конфликти и фрустрации.
2. Анксиозност;
3. Техники за справување со стресот;
4. Анализа на резултатите добиени со психолошката методска постапка во компанијата;
5. Заклучок и креирање на соодветна методологија за препознавање, менаџирање и справување со стрес во компанијата.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?!
• На сите вработени во компанијата, особено оние кои се чувствуваат под стрес, кои се постојано напнати, раздразливи, деконцентрирани, во постојана трка со времето и кои мислат дека ја губат таа трка и дека темпото на животот. Обуката е наменета за сите кои сакаат да го оптимизираат своето работно време, подобро да ги структурираат своите обврски и да го намалат стресот, како на работното место, така и во приватната сфера.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ОБУКАТА:
• Навремено препознавање на потенцијалните ризици од професионално исцрпување
• Учесниците ќе можат ефективно да ја организираат и распоредат работата под дневен притисок
• Ефективно управување со стресот преку усвоени техники за надминување на стресот
• Подобрување на меѓучовечките односи и работната атмосфера
• Подобрување на квалитетот на работата на организацијата во целина.
ОБУЧУВАЧ:
м-р Николина Ивановска Котевска - професор по психологија, Гешталт советник, кариерен советник. Професионалец со повеќе од 15 години искуство во областа на човечки ресурси,предавач во повеќе Центри за обука и развој со над 100 одржани обуки и програми за професионален развој на преку 900 вработени од сите хиерархиски нивоа. Психолошки советник со секојдневна работа на индивидуално ниво со клиенти во областа на советувањето и психотерапијата како и професионалната ориентација.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
• упатства за приклучување на „онлајн“-обука;
• материјали во електронска верзија и
• е-сертификат за учество на обуката.
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 26.9.2023 година.