УСЛУГИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 16.07.2020
👁 Прочитано: 957


Стопанската комора на Македонија е најголемата, највлијателната и најреномираната бизнис-асоцијација во државата, лидер во коморскиот систем кај нас и во регионот и препознатлива куќа на бизнисот.

Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, креирани се услуги кои се во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери и сл. Се ова е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери.

» Центарот за едукација и развој на човечки ресурси

Реализација на семинари, обуки, презентации, советувања и работилници со цел подигање на нивото на свест кај носителите на стопанството во нашата земја за професионално обучени кадри.

Обука на стручен и друг кадар (ментори) за спроведување практична обука кај работодавачите во соработка со Центарот за стручно образование и обука. Обуката претставува и еден од условите кои треба една компанија да ги исполни за да може да биде верифицирана од страна на Стопанската комора на Македонија и да компанијата биде вклучени во процесот на практична работа.

» Центар за унапредување на квалитет во производството и услугите

Консултански услуги за имлементација на меѓународни стандарди, како што се:

ISO 9001 стандард со кој се воведува систем за управување со квалитет
ISO 14001 стандард со кој воведува систем за управување со животна средина
ISO 22000 стандард со кој воведува систем за управување со безбедна храна
ISO 45001 стандард со кој воведува систем за управување со здравје и безбедност при работа
HACCP систем за анализа на критични контрлни точки
HALAL етнички стандард за безбедност на храна

» Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија

Постојаниот избран суд – Арбитража е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност.

» Медијација

Медијација, согласно законот за медијација е секое посредување, без оглед на неговиот назив, при решавање на спорниот однос во постапка на медијација во коешто на страните во спорниот однос им се овозможува истиот да го решат по пат на преговарање, на мирен начин со помош на еден или повеќе лиценцирани медијатори, со цел да се постигне заедничко прифатливо решение изразено во форма на писмена спогодба.
При користењето на медијацијата за решавање на споровите, посебно при решавање на стопанските спорови, главна улога имаат начелата и стандардите на медијацијата која ја издвојуваат како привлечна пред останатите методи на алтернативно решавање на споровите, или пред судовите. Начелата на медијација се: Доброволност на страните за започнување на постапката, Рамноправност и еднаквост на страните во спорот, Неутралност на медијаторот кон страните , Доверливост на постапката, Исклучување на јавноста во медијацијата, Нема достапност на информации од постапката за медијација, Ефикасност на постапката односно постапката е економична, ефикасна и брза и Правичност на постапката. Согласно законот за Медијација во Република Македонија (Закон за медијација („Службен весник на Република Мaкедонија“ бр. 188/13, 148/15, 192/15 и 55/16), медијацијата се применува особено во имотноправни, семејни, работни, трговски, потрошувачки, осигурителни спорови, спорови од областа на образованието, заштитата на животната средина, спорови во врска со дискриминацијата, како во други спорни односи каде што медијацијата одговара на природата на спорните односи и може да помогне за нивно разрешување. Одредбите од законот за медијација се применуваат и во кривични спорови, доколку со посебен закон не е исклучена нејзината примена.

» Клуб на менаџери - претприемчи

Клубот преставува модерна мрежа на растечките мали и средни компании која нуди ексклузивна можност за вмрежување, промоции, едукации, развој на вештини и други бројни придобивки и креирање на активности во насока на на оставрување на континуиран раст и долгорочна поддршка на компаниите членки на Клубот.

» Покровителство

Со покровителството на компаниите им се нуди ексклузивен пакет на повеќе видови на услуги кои би ги користеле континуирано во подолг временски период со кој се става на располагање на заинтересираните компании расположивата кадровска и техничка инфраструктура на Комората за развој на нивниот бизнис. Во зависност од бројот и видот на услугите кои им се потребни на компаниите постојат три типа на покровителство: силвер, стандард и премиум.

» Изнајмување на сали за состаноци и бизнис настани

Конгресниот центар при Стопанската комора на Македонија се состои од 5 сали за состаноци со различен капацитет (од 10 до 180 посетители). Салите се опремени со презентациска опрема (UHD ЛЦД ТВ, лаптоп, платно, табла за пишување), а сите сали се опремени со безжичен интернет и со клима-уреди.

» Брендирање на сала

Како дел од стратегијата за развој и презентација на сопствените услуги компаниите имаат можност да ја брендираат некоја од салите во Стопанската комора на Македонија, по сопствен избор и во определен временски рек со своето препозналиво лого, порака, име или производ/услуга која е заштитена.

» Изнајмување на техничка опрема

Стопанската комора на Македонија располага со техничка и презентациска опрема за реализација на успешен бизнис настан, презентација, обука, состаноци и сл.

» Услуги за користење на софтвер со опрема за on-line настани со вклучен телеволтинг (гласање), сала и техничка поддршка

» Стопанската комора на Македонија ја нуди најдобрата услуга во лекторската работа за македонски јазик, обезбедувајќи :

• Основна лектура – коригирање според Правописот и според нормата за стандардна лексика;
Лектура и јазична редакција – покрај основната лектура, опфаќа и изнаоѓање терминолошки решенија во консултација со авторот и
Лектура со јазична редакција и со стилизација – покрај горенаведените, опфаќа и обезбедување проодност на текстот во согласност со автентичниот стил на авторот (во консултација со него)

» Преводи од македонски на сите странски јазици и од сите странски на македонски јазик и тоа :

Писмен превод
Консекутивен превод
Симултан превод

» Стопанската комора на Македонија ги издава и заверува следните документи - сертификати за потекло како јавни овластувања според одлука на Управниот одбор на Комората бр.08-3052/7

Form A - Сертификат за преференцијален третман на стоката

Certificate of origin - Сертификат за потекло на стоката

» АТА-карнет е едноставен меѓународен царински документ кој се користи за поедноставување на привремениот увоз во странска земја, со рок на важење од една година, со кој примероците од своите производи компаниите ќе можат привремено да ги изнесете во странство заради презентација пред потенцијални купувачи или за изложување на саеми и изложби без плаќање царини или давање посебни гаранции.

» Стопанската комора на Македонија ги издава следните потврди :

• Потврда за слободна продажба
• Потврда за производител
• Потврда за единствен производител
• Потврди за ексклузивитет
• Потврди за членство
• Потврди за виша сила

» Стопанската комора на Македонија врши и заверки на фактури, договори и други документи (со печат Потврдено во Комора), на барање на компаниите.a ги издава и следните мислења :

Мислење за исполнување на економските услови
Мислење за соодветноста, односно влијанието на намалувањето и укинувањето на увозните давачки

» Сертификат Еxcellent-sme

Еxcellent-sme Macedonia го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, се совпаѓа со ЕУ-директивите, да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност.

» Продажба на бонитетниот извештаи изработени од Coface Хрватска

Преку бонитетниот извештај се врши проверка на потенцијален деловен партнер од преку 150 држави во светот и претставува патоказ за сигурен бизнис, овозможуваќи брзо донесување на одлуки, врз основа на вредни информации за категоризацијата на купувачите врз основа на нивната кредитна и платежна историја.

» Проекти

Иницирање, планирање и развој, успешно раководење со добиените проекти и на проекти каде од големо значење е управување со потребните ресурси за извршување на проектните задачи, мониторингот и контролата на истите па се до компалетното затворање на проектите.

» Enterprise Europe Network е мрежа на бизнис можности која има за цел да ги понуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија на нивниот пат кон европските пазари, како и поддршка во наоѓање соодветни бизнис партнери во Европа и пошироко, користејќи ја базата за бизнис соработка на Enterprise Europe Network;

» Услуги врзани со веб порталот на Стопанската комора на Македонија

Можност за закуп на банер на web-порталот на Комора
Пристап до Веб-порталот на Комората за македонски и странски компании (пристап до понуда/побарувачка , издавање документи, извоз/увоз на РМ , правни прописи и сл.)


Контакт лице: д-р Елена Милевска Штрбевска
Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања
Телефон: ++ 389 2 3244023, M. 071 831 024
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: elenam@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015