1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
26.01.2011 👁 Прочитано: 73

Јавна расправа по текстовите на измените на законите за градење и просторно и урбанистичко планирање - ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ГРАДЕЊЕТО ВО ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ


      Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски во Владата на Република Македонија, на состанокот одржан на 26.01.2011 година, пред членките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, ги презентираше новите предлог-измени на законите за градење и просторно и урбанистичко планирање.
      

 Измените кои се предлагаат, истакна Миле Јанакиески, се потреба, но и резултат на Договорот за соработка меѓу Владата на РМ, претставувана преку Министерството за транспорт и врски и Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светската банка, за споведување на проект за поедноставување на постаката за издавање одобренија за градење во нашата држава.


      Како што истакна министерот, големо внимание се посветува на постапката на одобрение за градење и тоа да биде, условно кажано, во четири чекори, со што ќе се намали времето при добивањето на одобрението. Сите согласности од другите институции, ќе треба да бидат обезбедени по службен пат, а ќе се користи инструментот молчењето е одобрување, а доколку настанат штети поради непостапување на овие субјекти, обврската за надомест на штета ќе биде на товар на субјектите.


   Измените што се предлагаат се однесуваат и на намалување на категориите на објекти од пет на две, а со тоа и лиценците на фирмите треба да се сведат на А и Б лиценца.
     Во процедурите, исто така, се предлага, за објекти за индивидуално домување со површина до 200 м2 да нема задолжителна ревизиај на проектот и надзор при изградбата, а изведувачот ќе ја преземе целата одговорност, (материјална и кривична) со потпишување изјава, заверана на нотар, дека објектот е граден согласно одобрението за градење и основниот проект. Во измените се предлага укинување на решението за локациски услови, се прошируваат видови на градби за кои не е потребно одобрение за градење и друго.
    Новина во овие измени е зголемување на одговорноста при изградба на градби. Правните лица треба да имаат осигурување за штети во осигурителна компанија, висината е различна, во зависност од видот на лиценцата.
Во целост, предложените измени се во насока на намалување на процедурите во добивањето на одобренијата за градење, а со тоа и намалување на трошоците на инвеститорите.
     Во обемната расправа, при што беа поставени повеќе прашања и предлози за предложените измени, истите можат да се сведат на:
     - градежниците сметаат дека предложените измени нудат подобрување на законската регулатива во градежништвото;
      - во предлозите има неколку дилеми и прашања кои треба да се разгледаат повторно, посебно во делот на надзорот, од причина што надзорот го штити инвеститорот, потоа, се истакна потребата од проект на изведена состојба, усогласување на лиценците од пониска категорија и рок на усогласување и друго.

     На крајот се донесе заклучок дека во петок, на 28.01.2011 година, до Министерството за транспорт и врски, ќе бидат доставени сублимирани предлог-забелешките изнесени од состанокот, но и од дополнително добиените писмени предлози по одделни членови од страна на фирмите, се` со цел подобрување на текстот и на решенија, кои ќе бидат во насока на ефикасна и брза имплементација на понудените законски решенија.

                                                                                              Марија Петроска 
 
 

 


 

Јавна расправа по текстовите на измените на законите за градење и просторно и урбанистичко планирање - ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ГРАДЕЊЕТО ВО ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ