1030 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
08.07.2010 👁 Прочитано: 55

Работен состанок на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и Биротo за јавни набавки - РАСПРАВА ЗА МОДЕЛОТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ЗА РАБОТА


*Заеднички лоцирани проблемите во имплементација на договорите за јавни набавки – јавни тендери во градежништвото  
 

*Градежниците предлагаат и ќе подготват посебни терк договори за тендери за планирање, проектирање и градење

Претставници на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и Биротo за јавни набавки, на 8.7.2010 година одржаа работен состанок во Стопанската комора на Македонија, на кој се расправаше за моделот на договорот за јавна набавка за работа.

 

На состанокот се водеше конструктивна дискусија при што беше потенцирано дека Законот за јавни набавки во Република Македонија, може да  се каже дека е еден од убедливо подобрите закони кои ја третираат оваа проблематика, во Регионот и пошироко,  и e усогласен со директивите на ЕУ.

Во пракса, како и кај други закони, има проблеми во самата имплементација од причина што отсуствува стручноста при подготовка на тендерската документација и покрај тоа што има подготвено терк модел за подготовка на договори, кој е објавен на веб порталот на Бирото за јавни набавки.
 
За самиот терк на договор, беше искажано дека треба да се направат корекции кои ќе придонесат за подобрување и олеснување при подготовка на новите договори од страна на договорниот орган односно нарачувачот или инвеститорот.

На состанокот се заклучи следното:

Да се подготват посебни терк-договори за планирање, за проектирање, за градење и други, а при тоа да се има во предвид законската регулатива за просторно и урбанистичко планирање и градење и сите подзаконски акти, но и другите закони кои се имплементираат кај јавните тендери, со цел да се елиминираат сите проблеми во имплементација во пракса.

На крајот од состанокот, посебно беше искажано негодување за  најавената измена на Законот за јавни набавки, во кој во еден член се предвидува: “Во услови на донесување на измени и дополнувања на Буџетот на Република Македонија со кои се намалуваат одобрените средства, буџетските корисници можат да извршат промена на динамиката на реализација и/или плаќање на обврските од склучените едногодишни договори, по претходно обезбедена согласност од другата договорна страна, со склучување на анекс на договорот за продолжување на рокот за следната година или повеќе. За склучување на анекс на договорот потребна е согласност од Владата на Република Македонија.“

Градежниците сметаат дека, со вакво законско решение, од улога на изведувачи, ќе преминат и во улога на инвеститори. 

Марија Петроска

Работен состанок на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и Биротo за јавни набавки - РАСПРАВА ЗА МОДЕЛОТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА ЗА РАБОТА