ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
17.02.2010 👁 Прочитано: 989

Здружение на енергетика, црна и обоена металургија за Правилата за пазар на електрична енергија - КВАЛИТЕТНА РЕГУЛАТИВА БРАНА ОД ТРОШКОВНИОТ УДАР


      Здружението за енергетика, црна и обоена металургија  при Стопанската комора на Македонија расправаше по особено значаен документ - Правилата за пазар на електрична енергија (17.2.2010 година).
      Притоа, на седницата посебно беше нагласено дека Правилата за пазар на електрична енегрија, кои ги регулираат пазарот на електрична енегрија и пазарот на балансна енергија, заедно со Законот за енегретика, кој што исто така е во фаза на изготвување и донесување, се клучните документи кои го регулираат енергетското живеење во државата.

 


       Во воведните напомени од страна на изготвувачот на Правилата за пазар на електрична енергија,  МЕПСО АД  и од страна на претставникот на Регулаторната комисија за енергетика, покрај другото,  беа дадени и роковите за нивно  донесување и примена -  крајот на  март  годинава.
        Она што посебно ги засега членките на Здружението, особено металуршките  компании е балансирањето на електричната енергија, која би можела трошковно да ги оптовари компаниите доколу не се донесе квалитетна регулатива, која треба да ја содржи и методолгијата на пресметка на балансната цена. Во овој контекст, во услови кога не би имало доволно понудувачи на електрична енергија,  беа дадени предлози таа да биде одредена како највисоко дозволена цена, односно да се определи од  страна на Регулаторот. Стопанствениците истакнаа дека во однос на балансирањето на електричната  енергија неопходно е да се води сметка дека тоа  не е профитабилна дејност за Операторот на електропреносниот систем на Македонија, кој треба да  одреди листа на понудувачи и листа побарувачи на електрична енегрија со цел нивно поврзување на транспарентен начин, како и формирање балансни групи. 

 


     Поаѓајќи од потребата да се изготви квалитетен документ, кој нема да има последици по економскиот и вкупниот живот во државата, Регулаторната комисија за енергетика на РМ изрази подготвеност во периодот до донесување на Правилата за пазар на електрична енергија да организира средби  со заинтересирани целни групи или одделно со компаниите.  Од голема корист при тоа ќе бидат симулациите кои ќе се направат кај големите потрошувачи и другите учесници во балансирањето.
      Согласно динамиката на изготвување на Правилата, пред одржувањето на подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика на која ќе се расправа по истите,  финалниот текст ќе биде предмет на расправа  пред  членките на Здружението на енергетиката, црната и обоена металургија и на Македонската енергетска асоцијација.
      За претседател на Здружението на енергетика, црна и обоена металургија во наредниот петгодишен мандатен  период е избран  д-р Димитар Хаџи Мишев.

                                                                                                                          (З.М.)

Здружение на енергетика, црна и обоена металургија за Правилата за пазар на  електрична енергија - КВАЛИТЕТНА РЕГУЛАТИВА БРАНА ОД ТРОШКОВНИОТ УДАР