КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

   

👁 Прочитано: 159


КАЈ ДАНИ ЗА СИТЕ МААНИ!

 ТРИ ТОП ВЕСТИ  

- Свет – Франција го затвора првиот реактор на најстарата нуклеарка во земјата. Целата престанува со работа во јуни. Првата во низа што ќе се затвори, а работи на јаглен. До 2022 година Франција ќе ги затвори сите јаглени нуклеарки, како противтежа на користење обновливи извори на енергија.

- Македонија – Агенциите за ветеринарство на Бугарија, Србија и Македонија, професори, експерти, одгледувачи на свињи, на заедничка средба во Скопје ќе разговараат за африканската свинска чума, иако кај нас според надлежните нема опасност од оваа болест.

- Комора - Прес-конференција на тема: „Потенцијалите за унапредување на економската соработка со Република Италија“, со присуство на амбасадор на Република Италија во РСМ, Н.Е. Карло Ромео и Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

П.С. Ги очекуваме вашите нови иницијативи, дилеми, предлози.

 Во рубриката ПОРАКА ОД, за некои од можностите што ги нуди новата, ревидирана методологија на ЕУ за преговори, но и одредени ризици за земјите - кандидати кои сакаат да станат дел од европското семејство, анализирани од м-р Зоран Јовановски.

- ПОРАКА ОД ЕСНАФОТ, пишува Виктор Мизо, генерален менаџер на „КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Стопанската комора на Македонија. За заканата по домашното производство од пролонгирањето на кризата и одложување на почетокот на работата на кинеските фабрики.

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Стопанката комора на Македонија, со порака за новините на новиот Предлог-закон за медијација и каква е ситуацијата до сега со бројот на предмети решени по пат на медијација.

- Во рубриката ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ, за новите членки на Комората, големи извозни компании („БАС ТУТИ ФРУТИ“). За компаниите кои 25 години изведуваат, проектираат водостопански системи („Аква Инг“). За посетата во „ОКТА“ со новиот главен извршен директор, Вук Радовиќ и со д-р Ристо Јаневски, директор за стратешко планирање и развој во „ОКТА“, како и претседател на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија.

- Рубриката КОМПАНИИ, со информации за новите активности, достигнувања, и реализирани успешни бизниси за фирмите-членки на Комората.

Стопанската комора на Македонија има една цел - стабилен деловен амбиент, со цел компаниите да остварат раст на продуктивноста, конкурентноста, поголем извоз. Крајниот резултат е РАЗВОЈ. А развојот носи напредок.

Постоиме за вас!