ПОТРОШУВАЧКАТА НА ИНДУСТРИСКИ ГАС – ИНДИКАТОР ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА

   

👁 Прочитано: 354


ПОТРОШУВАЧКАТА НА ИНДУСТРИСКИ ГАС – ИНДИКАТОР ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА

MESSER е име на компанија кое веќе 120 години се поврзува со индустриски гасови. Messer Group произведува и ги снабдува своите купувачи со кислород, азот, аргон, јаглероден диоксид, водород, хелиум, инертни гасови за заварување, специјални гасови, гасови за медицинска употреба како и широк спектар на гасни смеши.

Колку што е голем изборот на гасови, исто толку е широк спектарот на индустриски гранки кои ги употребуваат гасовите и ги користат предностите на  нивната специфична употреба и знаењето на вработените во Messer. Некои од областите во кои се употребуваат гасовите се: металната индустрија и индустрија за челик, хемиската индустрија, прехранбената индустрија, фармацијата, автомобилската и електро индустријата, медицината, технологиите за истражување и заштита на животната средина.

ПОТРОШУВАЧКАТА НА ИНДУСТРИСКИ ГАС – ИНДИКАТОР ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТАМесер Вардар Техногас е формирана 1997 година како 100% германски капитал. Компанијата во моментов располага со погон за производство на CO2, производство на сув мраз, како и полнилници за сите останати гасови и гасни смеши. Освен во Скопје, производството се одвива и во Битола, а, имаме продажни места ширум Македонија - во Куманово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово – информираше генералниот директор Зоран Беќаровски на работната средба со претставниците од Стопанската комора на Македонија – д-р Татјана Штерјова, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори и Љупка И. Самарџиска, одговорна за Здружението на хемиската индустрија. Потрошувачката на индустриски гас во државата е индикатор за состојбите во индустријата, кога има намалената побарувачка од определен сектор, има пад на производството во тој сектор  – посочи директорот Беќаровски. При тоа, како за илустрација посочи дека потрошувачката на гас по жител во западно-европските држави e десетици пати повеќе од потрошувачката на гас по жител во балканските земји. На средбата се дискутираше и за тековните активности, и предизвиците со кои се соочуваат во своето работење, при што беше посочен проблемот со недостаток на квалификуван кадар и беа разменети мислења за состојбите и можностите за надминување на овој проблем.

Љупка Илиевска Самарџиска