СЕМОС - 35 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА

   

👁 Прочитано: 316


СЕМОС - 35 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА

СЕМОС д.о.о. Скопје е двигател на ИТ индустријата со 35 годишно присуство на пазарот во Република Македонија. Со своето долгогодишно искуство и внимателно слушање на потребите, се стекнува со знаење за деловниот процес и очекувањата на клиентите.

„Нашиот тим на експерти е со највисоки професионални и етички стандарди, стручни за работа во мултинационални и мултикултурни тимови, константно обучувани во најнови технологии“, истакна м-р Герасим Ванчев, управител на СЕМОС д.о.о. Скопје, во разговор со Лазо Ангелевски, виш советник во Стопанската комора на Македонија, задолжен за работата на Здружението на информатичко комуникациските технологии.

Семос Компјутери, основана 1995 година, како наследник на првата Македонска информатичка компанија од 1984 година, заедно со своите ќерки компании, Семос Компјутерски Образовен Центар, Клиар Вју, Цертиадриа и Семос Калуд Солушнс, денес, Семос д.о.о Скопје е во приватна сопственост на менаџерски тим, со седиште во Скопје. Семос, веќе 35 години вешто ги имплементира светските трендови од информатичката технологија во македонското стопанство, на задоволство на преку 200 постојани коминтенти.

▪ Семос проектира, изведува и имплементира сложени и целосни информатички решенија; врши одржување, консалтинг и техничка поддршка, продажба на информатички производи и услуги кои се само дел од активностите кои Семос секојдневно ги усовршува.
▪ Семос работи на непрекинат развој и експанзија на бројот на продукти и услуги – сите базирани на различни потреби на нашите клиенти, како и на технолошките и бизнис промени на пазарот.
▪ Семос забележува перманентен раст во бројот на корисници со константно подобрување на односите со клиентите и креирање на работна атмосфера која е фокусирана кон корисниците.
▪ Семос работи заедно со клиентите кон креирање на решенија според нивните потреби во кратки рокови како и модифицирање на апликациите и услугите спрема потребите на измените во нивниот бизнис.
▪ Семос инвестира во непрекината едукација на вработените со цел формирање на професионален тим кој е секогаш подготвен да се приспособи кон новите технологии и потребите на нашите клиенти.

СЕМОС“Пријатната работна атмосфера, добрите меѓучовечки односи и заедничката цел за подобра иднина, на над 40те вработени професионалци е гордост и заслуга на искусниот менаџерски тим на Семос кој секојдневно ја води фирмата кон нови достигнувања.

Сите овие успеси беа надополнети и во 2005 година со стекнувањето на ИСО 9001:2005 сертификатот, кој ја потврдува посветеноста, истрајноста, квалитетот во работењето и задоволството, како на клиентите, така и на вработените во Семос.

Како доказ за континуираниот развој во деловното работење на Семос се последно стекнатите стандарди ISO 9001:2015, ISO 20000-1:2011, ISO 27001:2013, во областа на изработка на апликативен софтвер, систем интеграциски услуги, одржување на ИТ системи и тренинг.

Лазо Ангелевски