ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.07.2019 👁 Прочитано: 474

МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ЌЕ ИМААТ ЗАЕДНИЧКА КОНТРОЛА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ-ПРЕШЕВО


Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ денеска во белград потпишаа Договор меѓу владите на двете земји за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево со што значително се намалуваат бирократските процедури и се забрзува протокот на возила, односно се намалува можноста за каков било застој, пишува порталот МКД.МК

„Со денешното потпишување на Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево ние всушност правиме уште еден чекор напред во интензивирање на нашата соработка. И независно што овој договор се однесува на делот на граничното полициско работење, сепак на него треба да се гледа и како на јасна контрибуција во насока на продолжување на формите за што поблиска соработка меѓу нашите две пријателски земји“, изјавил Спасовски по потпишувањето на Договорот.

Спасовски, како што соопшти МВР, исто така рекол дека како соседни земји, негуваме одлични релации, упатени сме едни кон други, имаме мноштво заеднички интереси,  така што не постои  причина таа соработка да не ја развиваме и во иднина.

Што се однесува до соработката на двете министерства, тој оценил дека е на високо ниво, со јасни перспективи за нејзино динамизирање и практично оперативно работење во многу области, како во делот на граничното работење, соработка во делот на трговијата со луѓе и споделување на заеднички искуства, така и во делот на другите видови превентивно делување наспроти разните форми на прекуграничен и  транснационален криминал, а во интерес на националната и регионална безбедност.

МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ЌЕ ИМААТ ЗАЕДНИЧКА КОНТРОЛА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ-ПРЕШЕВО