ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
12.07.2019 👁 Прочитано: 855

НЛБ БАНКА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА БАНКА ВО ЗЕМЈАВА ОД „EUROMONEY“


НЛБ Банка е прогласена за најдобра банка во Република Северна Македонија од британскиот магазин „Euromoney“. Наградата беше доделена вчера во Лондон. 

На годинешното јубилејно 50-то доделување на наградите на реномираниот британски магазин „Euromoney“ беа доделени награди на најдобрите банки и финансиски институции од целиот свет.

-Доделувањето на Еuromoney наградите се базира на различни критериуми, при што покрај остварените деловни резултати, се земаат предвид пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa со учество на новинари и кореспонденти на Euromoney магазинот кои го имаат завршниот збор при изборот на добитниците на наградите, информираат од Банката.

Посочуваат дека НЛБ Банка и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и иновативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.

Покрај наградата за НЛБ Банка АД Скопје, оваа година НЛБ Групацијата е добитник на уште три награди: награда на НЛБ д.д. Љубљана за најдобра банка во Словенија, награда за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа и награда за НЛБ Банка Подгорица за најдобра банка во Црна Гора. скс/аа/

2019-07-11 16:22:29, од Сузи Котева-Стоименова
https://mia.mk

НЛБ БАНКА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА БАНКА ВО ЗЕМЈАВА ОД „EUROMONEY“