ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
26.06.2019 👁 Прочитано: 2974

БИЗНИС ДИПЛОМАТИЈА


Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Антонио Аргир, за улогата и важноста на бизнис дипломатијата во економскиот развој на земјата, на работна средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски, во Стопанската комора на Македонија

Бизнис дипломатијата јас ја разбирам на еден поинаков начин, кој во праксата се покажува дека е добар. Искуството од последно организираниот Бизнис форум во Словенија во рамките на посетата на премиерот на нашата земја во Љубљана, заедно со делегацијата на Владата и организацијата на бизнис средбите на стопанските комори меѓу Словенија и Република Северна Македонија е големо.

Во таа прилика, ние како НЛБ Групација имавме можност да направиме презентација пред бизнисмените од Словенија. Мојот фокус беше пред словенечките компании да укажам на тоа кои се добрите страни да се работи и да се прави бизнис во Македонија. Презентација на НЛБ Македонија за бизнис форум во Словенија мај 2019 година

Домашните компании кои работиме во земјата ги знаеме секојдневните проблеми со кои се соочуваме во функционирањето. Но и како претставници на големи компании од Македонија кога одиме надвор од земјата ние сме на еден начин и дипломати и претставници на оваа држава и можеби треба таа пракса да ја продолжиме и да ја засилиме во некоја форма. Прво, настапуваме како бизнис заедница, второ, како дел и од владини делегации, но исто многу важно и од особено значење е бизнис заедницата да биде дел од посетите на Претседателот на Република Северна Македонија надвор од земјата. Во рамките на тие посети се организираат и презентации од видни стопанственици од нашата држава кои ги презентираат економијата во државата и потенцијалите за бизнис во Македонија. Нашата перцепција е дека бизнисмените полесно слушаат, полесно се разбираат и доаѓаат до воспоставување соработка и .... за прашања што директно ги засегаат.

Во таа насока е и предлогот: Бизнис дипломатијата да биде составен дел на функционирањето на новиот Претседател на државата.

БИЗНИС ДИПЛОМАТИЈА