ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
06.06.2019 👁 Прочитано: 576

KMV и PepsiCo го купуваат српски Књаз Милош


Karlovarske Mineralne Vody (KMV), што е најголем дистрибутер на безалкохолни пијалаци во централна Европа, и PepsiCo Inc., глобален производител на храна и пијалаци што работи во повеќе од 200 земји во светот, договорија заедничка инвестиција, односно купување 100% сопственост во српската компанија Књаз Милош, пренесува Бета.

Оваа трансакција опфаќа купување на производните капацитети на компанијата Књаз Милош во Србија, како и брендовите: Knjaz Milos, Aqua Viva, Guarana, ReMix, Gusto и други.

Се очекува инвестицијата да биде завршена во текот на третиот квартал од оваа година, по процесот на одобрување од страна на антимонополската комисија на пазарите во Србија и Црна Гора.

Компанијата Књаз Милош има историја долга 200 години и е еден од најголемите производители на минерална вода, безалкохолни и енергетски пијалаци во Србија. Од 2015 година е во сопственост на инвестициониот фонд Mid Europa Partners од Лондон.

KMV е производител и дистрибутер на пијалаците на PepsiCo во Чешка, Унгарија, Словачка и Бугарија. Во рамки на оваа групација има повеќе од 2.400 вработени, а извезува во повеќе од 20 земји.

Компанијата PepsiCo има повеќе од 64 милијарди долари нето приходи во 2018 година.

KMV и PepsiCo го купуваат српски Књаз Милош