1002 д. 100 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Еден регион - Една економија
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
16.05.2019 👁 Прочитано: 683

Азески присуствуваше на отварањето на „Puklavec Family Wines“


Словенечката винарска визба Пуклавец инвестираше во Винарија која се наоѓа во Долни Дисан во близина на Неготино во нашата земја. Овој познат словенечк инвеститор во потрага по лозја за квалитетни црвени вински сорти својата работа ја шири во македонското виногорје, истакна генералниот директор и доктор по енологија Дане Јованов. Винаријата „Puklavec Family Wines“ е една од најстарите словенечки винарии која датира од 1934 година и е најголем извозник на вино од Словенија.

Семејната винарија имаше се поголема потреба од производство на црвени вина, а бидејќи во Словенија климатските состојби не се толку добри за производство на црвени вина одлуката беше да се инвестира тука кај нас, потенцираше Јованов. Со оваа инвестиција се создаде основа за производство на квалитетно црвено вино со што се гради дополнителна вредност на семејната винарија Пуквалец.

Нашата земја и Република Словенија имаат одлични економски односи,  а доказ за тоа е и отварањето на оваа инвестиција. Таа долгогодишна соработка ќе продолжи и во наредниот период, а на крајот на овој месец македонска бизнис делегација ќе ја посети Словенија со цел продлабочување на економската соработката, отварање на нови перспективи помеѓу двете земји како и отварање на патишта за заеднички понатамошен развој – истакна Претседателот на Стопанската комора на Македонија г-дин Бранко Азески.

На отварањето на винаријата присуствуваа и Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија - Љупчо Николовски и Министерката за земјоделство шумарство и прехрана на Република Словенија - Александра Пивец,  како и голем број на гости од земјава и странство.

Азески присуствуваше на отварањето на „Puklavec Family Wines“

Сашо Деспотоски