ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
15.05.2019 👁 Прочитано: 632

САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА – ПРЕД СЕ'


На 15.05.2019 година, во организација на Здружението на информатичко комуникациските технологии и Амбасадата на Соединетите американски држави, во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок на телеком операторите Македонски телеком, Оне.ВИП и Телекабел, и МАСИТ, со експерти за сајбер безбедност од САД.

Тимот од експерти за сајбер безбедност од Институтот за софтверско инженерство Карнеги Мелон, ја посети Стопанската комора на Македонија и пројави интерес за информации со заинтересираните страни во сајбер-безбедноста во земјата. Првенствено се разговараше за безбедноста во комуникациите и координацијата помеѓу засегнатите страни од сајбер-безбедноста и ангажманот со други чинители, вклучувајќи го и приватниот сектор, секторите на инфраструктурата и меѓународната заедница. Целта е да се развие патоказ или акционен план за развој на капацитетот за сајбер безбедноста, информации за утврдување на моменталните способности, заедно со понудените услуги и целите за развој на капацитетите.

Претседателот на Здружението на информатичко комуникациските технологии,  Благој Христов ја презентираше улогата и капацитетот на Здружението, посебно на телеком операторите, во дигитализацијата на процесите во стопанството, општеството и државата, во целина.  Телеком операторите постојано инвестираат и издвојуваат значителни средства во модерна технологија за обавување на својата дејност, но и за сајбер безбедноста. Особено е значајна поврзаноста на нашите телеком оператори со технолошките достигнувања и примената на врвна технологија, поврзана со централите на своите корпорации во странство.

САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА – ПРЕД СЕ'

Здружението на информатичко комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија, со телеком операторите, постојано учествува во работењето на Министерството за информатичко општество и администрација, за припрема и изготвување на основните документи од областа на сајбер безбедност. На државно ниво направена е потребната законска регулатива. Во процес на подготовка е Национална стратегија за сајбер безбедност 2018-2022 и Акционен план за сајбер безбедност 2018-2022. Во стратешките документи ќе се опфатат активности за ефективни и ефикасни капацитети за сајбер безбедност, заштита и превенција, сигурност за економски развој, доверба и достапност, и правната сигурност.

Здружението е посебно заинтересирано за натамошен и постојан контакт и соработка со претставниците на Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје и експертите за сајбер безбедноста, во насока на поддршка во know-how, презентирање и креирање на свесност, како и во изградбата на капацитетите. Оваа поддршка е неопходна за да важните прашања во делот на сајбер безбедноста многу брзо и успешно се преточат во пракса и бидат усвоени од релевантните чинители.

Лазо Ангелевски

САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА – ПРЕД СЕ'
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА – ПРЕД СЕ'
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА – ПРЕД СЕ'
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА – ПРЕД СЕ'