ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
14.05.2019 👁 Прочитано: 2775

Агенда за реализација на зацртаните активности на КИФ (I дел)


Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

Активностите на Коморскиот инвестициски форум уште од неговото основање се детално зацртани и се целосно посветени кон продлабочување на соработката меѓу земјите од регионот на Западен Балкан и светот. Целта на шестте Комори е да ја водат имплементацијата на активностите преку збогатување на целиот процес и решавање на постоечките проблеми, во насока на целосно максимизирање на придобивките за бизнис заедниците .

Со цел реализирање на активностите, Коморскиот инвестициски форум активно работи на зацртаната агенда, односно;

1. Создавање на ефективни институционални и политички структури на високо политичко ниво од страна на владите на ЗБ6 за поддршка и овозможување на имплементација на Регионална економска област (РЕО). Институционалната соработка е клучна за успехот на Регионалната економска област и треба повеќе да се работи на подобрување на капацитетите во институциите со цел да се адресираат проблемите и предизвиците. Потребно е институционалните и политичките структури да воспостават рамка за соработка, вклучувајќи почести средби меѓу државните институции и бизнис заедницата за да се унапреди јавно- приватниот дијалог како алатка за успешна имплементација на која било од мерките чија цел е подобра регионална соработка. Коморскиот инвестициски форум, како регионална асоцијација на стопански комори, е единственото регионално тело што ја претставува целата бизнис заедница во регионот и е вистинската платформа за потпомогање на ваквиот дијалог.

2. Креирање заедничка стратегија за дигитална трансформација што ќе доведе до трансформација на компаниите, бизнис моделите и цели индустрии. Ако се користи навремено, дигиталната трансформација ќе придонесе за економскиот раст, создавањето на работни места и ќе ја подобри конкурентноста и деловниот просперитет на регионот. Дигиталната трансформација ќе се однесува на ИКТ индустриите и ќе доведе до обемни промени на традиционалните индустрии (автомобилската, енергетика, потрошувачките добра и др.). Бројот на направи поврзани на интернет до 2030 се очекува да порасне на 1 трилион година што создава простор за раст на поврзаноста, економијата на податоци и поголемото користење на напредните технологии (поврзани направи (IoT), роботика и вештачка интелигенција). За да се вклучи во вредноста на оваа индустриска револуција, регионот ЗБ6 треба да создаде хармонизирана регулаторна основа која ќе ја поддржува економијата на податоци (е-трговија, e/mlD, e/m владини решенија, и др.) и ќе ја стимулира вредноста на создавањето преку дигитализација на операциите на традиционалните индустрии . Овој процес на трансформација треба исто така да ги вклучи и општествените придобивки од процесот на дигитализација како што е влијанието врз животната средина преку намалени емисии на СО2 и подобрени здравствени системи. Со воведувањето на дигитализацијата во земјите од ЗБ6, ќе се овозможи прекуграничен пренос на податоци во рамките на регионот, во согласност со безбедносните политики на земјите. За постигнување на оваа цел ќе биде потребно во секоја од владите во регионот да се воведе позицијата на Главен информатички службеник за да се олесни координацијата и имплементацијата на дигиталната трансформација и соработка во дигиталните работи за олеснување на процесот на интеграција во единствениот дигитален пазар на ЕУ.

Агенда за реализација на зацртаните активности на КИФ (I дел)

3. Заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестиции преку здружување на фондовите и напорите за претставување на инвестицискиот потенцијал на регионот, креативноста, храната и традиционалната кујна, туристичките атракции, со посебен акцент на потребите на бизнисите. На овој начин бизнис заедниците ќе имаат можност за настап на заеднички штандови на меѓународните саеми на кои ќе се презентира регионалната понуда кога е тоа возможно, како и за заедничко креирање и промоција на интегрирани туристички понуди за регионот. Покрај тоа, потребно е да се интензивира и инволвираноста на бизнис заедницата во активностите на владините структури. Затоа, потребно е претседателите, премиерите и другите владини претставници од земјите од регионот на Западен Балкан, при посетите на странски земји да бидат придружувани од делегација составена од регионални бизнис претставници.

Продолжува...