ИНОВАЦИИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО - ВИНЕР ОСИГУРУВАЊЕ, ПРВО ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
➢ ОД КОМПАНИИТЕ (03.05.2019)
👁 Прочитано: 1136



ИНОВАЦИИ ВО ОСИГУРУВАЊЕТО - ВИНЕР ОСИГУРУВАЊЕ, ПРВО ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ

Винер Осигурување на почетокот на месецов го пушти во употреба првото софтверско решение на осигурителниот пазар во државата кое нуди целосно дигитално пријавување на штети. Отсега клиентите на Винер Осигурување имаат можност преку своите компјутери и смартфони да пријават секаков вид на штета, на лесен и едноставен начин и во кое било време, со истовремено единствена можност за увид во статусот на пријавената штета.
Онлајн пријавата на штета се врши преку мобилната апликација Winner Osiguruvanje достапна на Playstore и Appstore како и преку веб платформата prijavisteta.winner.mk. Преку само неколку брзи и лесни чекори, без оглед дали штетата настанала во моментот или претходно, клиентите веднаш добиваат известување дека нивното барање се обработува.
– Во брзо и динамично општество клиентите бараат едноставен, висококвалитетен и ефективен осигурителен процес, од купувањето на полисата, до решавање на штетите. Дигитализираните корисници не сакаат чекање во ред и повеќешалтерски системи, туку нивните барања да бидат реализирани онлајн. Нашата апликација за пријава на штети им го овозможува токму тоа, следејќи го водичот за пријава да ги прикачат соодветните документи и фотографии, да добијат известувања, да го проверат статусот на штетата или пак да добијат соодветна стручна помош и совет во моментот на настанување на штетата или потребата од осигурување преку четот на Винер.
Клиентите се секогаш на врвот на нашите приоритети, па затоа апликацијата е една нова рута за обезбедување на подобра, побрза, поефикасна и посовршена услуга на сите наши клиенти без исклучок – вели М-р Михајлов, член на Управниот одбор на компанијата, носител и креатор на ова решение.

Со дигитализацијата на производите и процесите Винер Осигурување на своите клиенти не само што им обезбеди можност да купат онлајн полиси за Автомобилска одговорност (за регистрација на возилото) и полиси за Патничко осигурување, туку и комплетна онлајн пријава на штета по сите видови на осигурување. Станувајќи пионери во државата во имплементирањето на софтверот за  пријава на штети и прифаќајќи го предизвикот, Винер Осигурување го доби второто место во рамките на Xelerate програмата на Виена Иншуренс Груп која оценувајќи го проектот како успешен и значаен за Македонскиот пазар, одлучи да го финансира истиот.
Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје продолжува и понатаму со трендот на грижа за своите клиенти, и секако брзата исплата на штети со транспарентен и фер однос кон клиентите, за што говори и бројката за најмалку неисплатени штети.  Пуштањето на ова апликативно решение чија цел е зголемување на задоволството на клиентите, особено на оние кои се фокусирани на онлајн комуникацијата ќе доведе и до уште помал број на неисплатени штети.