САВА ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ ОСТВАРИ РАСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА
➢ ОД КОМПАНИИТЕ (03.05.2019)
👁 Прочитано: 2262



САВА ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ ОСТВАРИ РАСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА

Сава осигурување а.д. Скопје првиот квартал го затвори со пораст од 11,8% во број на склучени договори и 9,5% во полисирана премија, споредбено со истиот период од минатата година. Во првиот квартал беше одбележан раст во сите класи на осигурување и по број на склучени договори и по полисирана премија.
Порастот се бележи во сите класи на осигурување и тоа:
Остварена премија од 195,8 милиони денари премија со што е за 9,5% повеќе од минатата година за истиот период.
Задолжителни осигурувања – авто одговорност пазарен раст од 4,6%, Сава осигурување раст 5,3%

Пораст е забележан и кај незадолжителните полиси:
Останати имотни осигурувања – премија раст 20,9%, склучени договори раст 30,0%
Доброволно приватно здравствено осигурување премија раст 164,2%, склучени договори раст 153,9%. Кај доброволното приватно здравствено осигурување имаме пораст од 1,5 милиони денари што укажува на фактот дека свесноста и бенефитите од овој продукт го наоѓаат своето место на пазарот и се повеќе се бара од страна на граѓаните.
Незгода премија раст 11,00%, склучени договори 15,4%
Патничко осигурување премија раст 18,1%, склучени договори 13,4%

Порастот се бележи и кај асистенските продукти односно кај осигурување на возач АО плус со 8,7% пораст, домашна асистенција 33,8%, автомобилска асистенција 60,7% пораст.

Три нови канцеларии се отворени во Скопје (населба Авто Команда), Крива Паланка и Охрид.
Растот и развојот остануваат клучен дел од стратегијата на Сава осигурување а.д. Скопје.